Парламентарни избори 2020
Филипоски од СДСМ: И во коронакриза не застанавме со инвестициите, продолжуваме и со покачување на платите во здравството
„Три години континуирано вложуваме во здравството и затоа имаме здравствен систем во кој услугите се достапни за сите и кој е подготвен да се носи со сите предизвици од пандемијата со коронавирусот. И во време на пандемија не застанавме со инвестициите. Коронакризата уште еднаш потврди дека здравствениот систем е еден од клучните столбови на државата и сектор во кој во континуитет треба да се вложува за да се обезбеди негова стабилност и одржливост. Во новиот мандат инвестициите во здравството, инвестициите во човечкиот капитал ќе продолжат уште повеќе, за уште подобра здравствена заштита. Платите во здравството ги покачуваме за 40 % односно, секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници за 10%, што е вкупно 40% за целокупниот следен мандат. Ќе продолжиме со вработувања во јавно-здравствените установи за да се јакнат капацитетите на здравствените установи. Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, а продолжуват инвестициите во јавното здравство.“, нагласува кандидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата од Гостивар, Драгољуб Филипоски.
Воедно Филипоски упати апел за почитување на мерките и препораките за заштита од коронавирус.
„Здравствените работници во овој момент се на првите борбени линии и најизложените на борбата со коронавирус. Најдобриот начин да им помогнеме е со тоа што ќе ги почитуваме мерките и ќе спречиме бројот на заразени да расте, а со тоа да расте и бројот на пациенти за кои тие се грижат. Здравствените работници ја имаат нашата поддршка. Обезбедувањето на функционални институции е токму за да ги заштитиме и нив од немарноста на неодговорните која доведува до раст на новозаболените. Граѓаните, сите да бидат одговорни кон себе и кон своите најблиски, кон останатите сограѓани. Да се придржуваат кон мерките, да ги почитуваат, со цел да се стави крај на патот на ширење на вирусот. Животот продолжува во новото нормално. Од нас како одговорни граѓани се очекува да носиме маска, да држиме дистанца и често да миеме раце/да се дезинифицираме. Така ќе се заштитиме и себе и најблиските околу нас. Епидемиолозите имаат добра стратегија за заштита од коронавирус, да им помогнеме со тоа што ќе ги почитуваме мерките. Сите имаме одговорност и улога во заедничката борба против корона.“, наведува Филипоски.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград