Поврзи се со нас

Гостивар

Филипоски: Во план е надградба на депонијата Русино – нема здравје без чиста животна средина

Објавено

на

Кандидатите за пратеници во ИЕ 6 од коалицијата предводена од СДСМ, Фаница Николоска и Драгољуб Филипоски денес во Гостивар учествуваа во еколошки активности и акција за чистење, организирани од социјал-демократската младина.

Правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско право, нема здравје без чиста животна средина, истакна во својата изјава Филипоски.

„Ќе обезбедиме поголеми инвестиции во подобрувањата на заштитата на животната средина. Наша цел е да им помогнеме на граѓаните да трошат помалку енергија и да донесеме гас како енергенс во што повеќе домаќинства и деловни субјекти. Ќе ја поддржуваме и индустријата да биде лидер и наш партнер во зелената економија. Ќе работиме на поевтин и поеколошки јавен превоз. Заедно ќе обезбедиме почист воздух, вода и почва и помалку отпад преку реупотреба и рециклирање. Помала употреба на пестицидите и ѓубривата и поактивна заштита на природата и биолошката разновидност за подобрено здравје и благосостојба на граѓаните, особено на децата.“, рече кандидатот за пратеник осврнувајќи се и на проблемот со регионалната депонија Русино кај Гостивар.

„Депонијата Русино сега не работи според ниедни стандарди. Со години наназад граѓаните на Гостивар плаќале највисока тарифа за управување со отпад споредбено со другите општини во регионот. Би сакал да понудам инстант решение но сите сме свесни дека се работи за  сериозен проблем кој бара системско решение. Со еден таков сериозен пристап настапи Центарот за развој на полошкиот регион кога минатата година изготви студија и проект за справување со цврстиот отпад.  Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања со грант од 8 милиони франци ќе го финансира проектот „Управување со цврст отпад во Полошкиот регион“. Проектот опфаќа мерки за подобрување на управувањето со цврст отпад, а во план е и надградба на депонијата Русино, која треба да прерасне во инженерски дизајнирана санитарна депонија. Целиот процес ќе се изведе во три фази. Првата фаза треба да заврши годинава и ќе се однесува на решавање на најсериозните влијанија на депонијата Русино врз животната средина преку изградба на насипи и ровови и рециркулација на исцедните води, а ќе се работи и на зголемување на јавната свест и ќе се овозможи подобро собирање на сметот преку набавка на контејнери.“, нагласи Филипоски.

Тој најави дека предвидуваат пристап на граѓаните на Апликација за пријавување и следење на еколошки прекршок, како и пријавување на загадувачите преку граѓански зелени еколошки патроли: „Првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но интензивно зазеленување на државата, а особено најзагадените градови. Ќе воведеме обврска за поставување на зелени зони околу индустриските капацитети. Сите институции,сите граѓани се вклучуваме во градење на еко држава.“

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена