fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Филмот „Врба“ на Манчевски ќе се прикаже во Гостивар

Објавено

на

Најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски „Врба“, ќе биде прикажан во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. Проекцијата е закажана за во недела (1 декември), со почеток во 19 часот.

„Врба“, ја следи приказната за три жени кои се во борба да станат мајки, што ги прави хероини во филмот. Едната приказна се случува во 17 век, а другите две се современи. Се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга. „Врба“, исто така, го тематизира и односот на општеството кон поединецот и на поединецот кон општеството.

„Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски.

Билетите за проекцијата во Гостивар ќе чинат 100 денари и ќе може да се купат на влезот во Центарот, пред прикажувањето на филмот.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Како треба да се одвива наставата во училиштата?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!