Спорт
Финале во Лигата на шампионите: Реал или Ливерпул, Анџелоти или Клоп?
Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се одигра вечер од 21 часот на стадионот „Стад Д’Франс“ во Париз.
Целиот свет со нетрпение очекува одговор на прашањето кој е моментално најдобар на „Стариот континент“ и кој ќе го крене популарниот трофеј „уво“.
Од една страна Мадрид со рекордни 13 титули, предводен од Карим Бензема и неверојатен пат до финалето со три чудесни пресври против ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити, а од друга страна Ливерпул, кој и покрај тоа што ја загуби титулата во Премиер лигата, може да се смета за благ фаворит.
„Се може да се случи во финалето. Мора да бидеме подготвени на се. Има работи кои не можете да ги контролирате. Имавме доволно време да се подготвиме и подготвени сме за финалето“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на прес-конференцијата.
Италијанскиот стручњак по петти пат ќе води тим во финалето, на претходните четири победи двапати со Милан и еднаш со Реал, а загуби само во култниот меч Милан – Ливерпул во Истанбул по предност од 3:0 на полувреме.
Знам дека звучи чудно, но мислам дека мојот тим одигра најдобро во финалето што го загубив“, изјави Анчелоти.
Реал е во исклучителна серија од седум последователни победи во финале, која започна во 1998 година со голот на Предраг Мијатовиќ против Јувентус во Амстердам.
Тие победија во последното финале против Ливерпул, во 2018 година во Киев, со 3:1.
Ливерпул вечерва ќе ја брка својата седмата европска титула. Германскиот тренер Јирген Клоп изјави дека „што и да правиш, треба да стекнеш искуство“, а неговиот тим „доби искуство“, а тој ретко „губи во финалните натпревари“.
„Изгубив многу финалиња во мојот живот, и научив многу од тие порази. Момците се развија во последните години. Сите сме поврзани. Во добар момент сме и подготвени сме за финалето“, додаде тој.
Тренерот на Ливерпул додаде дека „самодовербата на Реал Мадрид е исклучително висока“ и дека неговиот тим „мора да биде на највисоко можно ниво“ доколку сака да стигне до трофејот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград