Поврзи се со нас

Спорт

Финансиски јазол ја стопира кошарката: Судиите во бојкот поради долгови, КФСМ без државни пари, се чека наплата од клубовите

Објавено

на

    Натпреварите во сите кошаркарски лиги во Македонија се суспендирани на неодредено време, откако Судиската Комисија при Кошаркарската Федерација на Македонија (КФСМ) донесе одлука за бојкот. Причината, како што соопшти КФСМ, се неисплатени финансиски средства кон судиите.

    Во денешното официјалното соопштение до јавноста, КФСМ детално ги објаснува случувањата кои довеле до оваа ситуација. Од Федерацијата наведуваат дека минатата недела одржале два состанока со претставници на судиите. На последниот состанок, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, предложил итно подмирување на 50% од тековните долгови со цел натпреварувањата во сите категории (сениорски, младински, машки и женски) да продолжат непречено.

    Според КФСМ, иако првично изгледало дека е постигнат договор, Судиската Комисија подоцна го променила ставот и побарала целосно, а не етапно, подмирување на сите долгови. Како причина, судиите наводно изразиле загриженост дека евентуална промена во раководството на КФСМ би можела да го загрози плаќањето на остатокот од долгот, став кој Федерацијата го оценува како „комплетно апсурден“, нагласувајќи дека етапното плаќање било пракса и во минатите сезони.

    КФСМ ја објаснува и својата финансиска состојба, посочувајќи дека се финансира преку Министерството за спорт, котизации од клубовите и спонзорства. Тие тврдат дека немаат добиено никаков финансиски стимул од Министерството освен ваучерот кој е од минатата година, и дека не им се исплатени ниту програмските средства, ниту средствата од игри на среќа.

    Федерацијата исто така ја префрла одговорноста и кон дел од кошаркарските клубови, наведувајќи дека тие имаат неподмирени долгови кон КФСМ (за котизации, лиценци за странски играчи, казни). Се потенцира дека за клубовите од Првата машка лига дури бил обезбеден и спонзор кој ја покрил котизацијата за учество, но и покрај тоа, некои клубови сè уште имаат долгови. КФСМ изразува сомнеж дека некои клубови кои добиле средства од државата биле „инструирани“ да не ги подмируваат своите обврски кон Федерацијата.

    Поради целата ситуација, КФСМ зазема цврст став: „Кошаркарската Федерација останува на ставот дека сè додека сите клубови не ги подмират своите финансиски долгувања нема да продолжи натпреварувачката сезона.“

    Со оваа одлука, иднината на тековната кошаркарска сезона останува неизвесна и директно зависи од способноста и волјата на клубовите да ги расчистат своите финансиски обврски кон КФСМ. Федерацијата најави дека ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста и ќе изнесе дополнителни докази и факти за случувањата.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Занимливостипред 3 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена