Поврзи се со нас

Македонија

Фирмите не можат да најдат работници! Недостигаат пекари, плочкари, водоинсталатери…

Објавено

на

Листата на дефицитарен стручен кадар е се поголема. Моментно, најмногу недостигаат градежни, машински и прехранбени техничари, но и натаму нема доволно пекари, плочкари, фасадери, водоинсталатери,… Во меѓувреме, изумираат некои од занаетите, како столарскиот, зашто процесите се автоматизираат, а тоа, пак, наметнува потреба од сосема нови, поинакви профили.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, околу 60 проценти од компаниите во земјава не можат да најдат соодветно квалификувана работна сила, додека само 2,5 отсто од возрасните вработени ги усовршуваат вештините.

Недостигот на кадри ја зголемува и цената. Според Комората, месар зема 30 000 – 40 000 денари плата, а добро платени се и водоинсталатерите. Високи плати се нудат и за пекари, како и за потребните кадри во градежништвото.

-Околу 60 проценти од работодавачите имаат потреба од стручен кадар. На прашањето, зошто не можат да најдат работници, компаниите велат дека причината е во немањето стручни вештини кај кандидатите, немањето работно искуство или доволно пракса. Недостигот на соодветна работна сила не се случува само во одреден сектор, туку во повеќе. Секаде има недостиг на работна сила. Жално е и што многу од професиите полека исчезнуваат. Една од нив, која веќе не се прифаќа на пазарот на труд, е столарскиот занает. Тоа е така зашто пристапот за изработка на мебел е модифициран, а процесите се автоматизирани, па наместо столар се бара сосема нова квалификација – конфекционер или дизајнер на мебел, кој знае да работи со соодветни машини. Изумира и струката гипсер зашто не може да најде работа. Според потребите на пазарот, лицето треба да е гипсер – монтер, со две занимања, рече Наташа Јаневска од Стопанската комора.

Според неа, недостигот на квалификувана работна сила е проблем и во ЕУ.

-Преку 77 отсто од компаниите во ЕУ изјавиле дека имаат проблем да најдат квалификуван кадар со потребните вештини. Во 2021 и 2022 година работодавачите се соочиле со недостиг на работна сила за 28 занимања во неколку сектори, а некои од проблематичните се градежништвото, здравството, инженерството, како и ИТ, што покажува дека има неусогласеност меѓу она што се бара и она што се нуди на пазарот на трудот. Во однос на дигиталните вештини, 40 проценти од возрасните и 33 отсто од вработените во ЕУ немаат основни дигитални вештини, што значи дека на секое лице од 10 возрасни и секое трето лице вработено во компаниите во ЕУ нема соодветни базични дигитални вештини. Кај нас, само 15 лица учествувале во обука за дигитални вештини и тоа зашто морале, за да работат на автоматизирани машини, односно за да не ја изгубат работат, но не учествувале на обуки за да ги унапредат вештините, истакна Јаневска.

Според ЕВРОСТАТ, само 37 отсто од возрасните во ЕУ учествувале во процесот на обуки кои ги подигнуваат нивните вештини.

-Кај нас оваа бројка е многу поразителна и изнесува 2,5 отсто, потенцира Јаневска.

Нејзина оценка е дека менталитетот полека се менува, а тоа го потврдува и фактот што годинава две третини од учениците се запишале во стручните школи, а останатите во гимназиското и уметничкото образование. Таргетот сега, како што истакна Јаневска, треба да биде квалитетот на практичната обука и зголемувањето на часовите за пракса, учениците треба да го поминуваат поголемиот дел од времето во компаниите за да се запознаат конкретно со работниот процес.

Јадранка Аризанковска од Комората информира дека Европската комисија ја прогласи 2023-та како Европска година на вештини за да им помогне на компаниите, посебно на малите и средните претпријатија во изнаоѓање соодветни кадри, но и за да ја зголеми конкурентноста на работната сила. Во ЕУ, рече, се бараат веќе и т.н. зелени вештини, а дигиталната и зелената транзиција дополнително ќе отвораат нови работни места, со нови квалификации. Во фукост на ЕУ се и т.н. трансферзални вештини. Целта е две третини од работните места до 2030 година да се однесуваат на добра комуникција, критичко размислување, одговорност, точност, лидерство, работа со податоци, преземања ризици. Овие нови вештини, како што велат од Комората, ќе бараат и пофлексибилни образование.

-ЕУ во рамки на Европска година на вештини усвои социјални цели за 2030 година. Ќе се бара 60 отсто од возрасните да можат да учествуваат во обуки, а за дигиталните вештини процентот ќе биде 80 за да се подигне стапката на вработеност кај најмалку 78 отсто од населението на возраст од 20 до 64 години. Европската комисија го става фокусот и на преквалификација и доквалификација, зашто доживотното учење е многу важно, на истражувања и развој, подвлекуваат од Стопанската комора. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 9 часа

Што треба да знаете ако чувате чаша со вода ноќе покрај креветот

Македонијапред 14 часа

Можно е ограничување на цените на храната

Светпред 17 часа

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 19 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 20 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 1 ден

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 2 дена

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 2 дена

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Македонијапред 2 дена

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство доби веб страница

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена