Македонија
ФИТР со поддршка од 9 милиони денари за млади иноватори

Фондот за иновации и технолошки развој го објави првиот јавен повик „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, со кој ќе инвестира во развој на иновациската инфраструктура и пристап до современи технологии за средношколци и млади.
Во лабораториите за производство „FAB LABS” воспоставени преку овој повик, на младите од 15 до 29 години ќе им биде овозможен бесплатен пристап до современи технологии како 3D принтери и ласерски машини со кои ќе можат да ги материјализираат своите иновативни идеи. Освен тоа, ќе им биде обезбедена и менторска поддршка, просторни и технички услови да конструираат прототип или мало производство на иновативно решение, кое ќе можат да го тестираат во лабораториска, индустриска средина или на пазарот.
„Целта е кон младите да се отворат веќе постоечките капацитети, да се создадат услови за нивно доопремување и понатамошно проширување, како и да се вложи во нова иновациска инфраструктура. На најмладите иноватори ова ќе им овозможи да стекнат вештини соодветни на новото време и технолошките предизвици на иднината“, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров
Вкупниот буџет изнесува 9.000.000 денари, од кои 90% ги обезбедува Фондот, во максимален износ од 4.5 милиони денари за предлог-проект, додека преостанатите 10% треба да ги обезбеди апликантот. Времетраење на проектот е до 12 месеци.
Во рамките на предизвикот, апликантите ќе треба да понудат предлог проекти за воспоставување на лабораторија за производство „FAB LAB”, во простории кои се наоѓаат во рамките на високо-образовните или научно-истражувачките установи и ќе претставуваат простор за соработка помеѓу академијата, индустријата и граѓанските здруженија – таканаречен четворен хеликс систем.
Двете лаборатории кои ќе бидат воспоставени преку овој повик, со почетокот на претстојната учебна/академска година ќе бидат пилот проекти. Врз основа на ова искуство, во наредниот период ФИТР планира да создаде механизам за воспоставување и поддршка на ваков тип на лаборатории и обезбедување нивна оддржливост.
Рокот за поднесување на предлог проекти е 20.07.2021 година до 14.00 часот. Сите дополнителни информации, можат да се добијат на: https://fitr.mk/fablabs/
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар