Гостивар
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
Секторот за внатрешни работи Тетово во полицискиот билтен за последното деноноќие на гостиварското подрачје евидентира пријави за физички напади и групна тепачка. Во продолжение целосните информации од полицијата за 25-ти април:
Во 16.30 часот во ОВР-Гостивар Д.П.(32) од Гостивар пријави дека околу 16.10 часот на улица ,,Сретко Крстески“ додека вршел градежни работи односно рушел објект, лицето В.,,Н,, ги попречувал работниците да продолжат со работата и побарал од нив да ги отстранат работните машини, при што во врска со тоа Д.П. му рекол да го пријави случајот и на надлежните ќе им приложи потребната документација за тоа што го работи. Но, потоа Д.П. бил физички нападнат од В.,,Н“.
Во 18.50 часот С.М.(57) од Гостивар пријавил дека околу 16.00 часот додека се движел со своето возило на раскрсница ,,Аида“ му бил пресечен патот од патничко моторно возило ,,БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Б.К. од Гостивар, кој потоа и физички го нападнал.
Во 16.40 часот полициски службеници од ОВР-Гостивар на улица ,,Браќа Ѓиновски“ ги привеле Х.С.(20) од гостиварска Горна Бањица, Ф.Ф.(41) и малолетник од Гостивар, како и странските државјани Ч.М.О.(19) и Д.А.И.(25) од Република Турција, кои околу 16.30 часот пред угостителски објект на улица ,,Браќа Ѓиноски“, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие се задржани во полициска станица за расчистување на случајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски