Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

  • Дата: 11/03/2019 | 14:36

ФК Генч Калемлер одигра нерешено со Скопје – ФК Гостивар загуби од Тетекс

Викендов започна пролетниот фудбалски дел од 2МФЛ – Запад. Се одигра 15-тото коло, кое не беше најсреќно за претставниците на Гостивар во ова натпреварување.

ФК Генч Калемлер имаше тежок натпревар против екипата на ФК Скопје. На градскиот стадион во Гостивар одиграа 1:1. Во тврд и неизвесен натпревар возбудувањата се случија во последните 3 минути. Гостите поведоа во 87 минута, за домаќините преку Белули израмнат во 90 минута. Во следното коло Генч Калемлер му гостува на Велазерими 77, во Кичево.

Фудбалерите на ФК Гостивар го играа полошкото дерби со екипата на Тетекс од Тетово. Гостиварци загубија на отварањето на вториот дел од полусезоната од последно пласираната екипа на табелата со 2:1. Поведоа гостите со голот на Лама, но не успеаа да го задржат водството до крајот на натпреварот. Во следното коло ФК Гостивар го пречекува Пелистер.

Напишете коментар