Првата пресметка помеѓу гостиварските екипи на Генч Калемлер и ФК Гостивар, која се одигра вчера заврши со победа на екипата од Долна Бањица со резултат 3:2.
Натпреварот се одигра во рамки на 3-тото коло во Втората МФЛ – Запад, официјален домаќин на натпреварот беше екипата на Генч Калемлер. Иако се очекуваше тврд и неизвесен дуел, фудбалерите на теренот прикажаа одличен натпревар со дури 5 голови.
Пред повеќе од 1400 гледачи на градскиот стадион во Гостивар, резултатот го отвори напаѓачот на Генч Калемлер, Емир Алију кој беше двоен стрелец за неговата екипа, ги постигна двата гола за водство од 2:0. Гостивар преку Скендери намали на 2:1, но веднаш возврати Малиќ Белули и со својот гол го постави резултатот со кој играчите заминаа на полувреме 3:1.
Во вториот дел, Бетим Мифтари постигна гол за екипата на Гостивар и конечен резултат 3:2, резултатот со кој заврши овој натпревар. Во одлично организиран натпревар, фудбалерите на Генч Калемлер успеа да ја запишат својата првата победа поротив градскиот ривал и втората победа во првенството.
Со овие три бода Генч Калемлер е лидер на табелата во Втората МФЛ – Запад со 7 бодови, ФК Гостивар со бод помалку се наоѓа на третата позиција.