Гостивар
ФК Генч Калемлер подобар од Скопје – ФК Гостивар нерешено со Тетекс
Викендов се одигра 20-тото коло од Втората МФЛ – Запад. Фудбалерите на Генч Калемлер ја пречекаа екипата на ФК Скопје, ФК Гостивар го играше полошкото дерби со Тетекс во Тетово.
ФК Генч Калемлер имаше тежок натпревар со екипата на ФК Скопје. После серијата лоши резултати, во тврд и неизвесен меч славеше на Градскиот стадион во Гостивар со резултат 1:0. Со голот на Белули во 40. минута, избраниците на Топчиу запишаа значајни три бодови во борбата за опстанок. Во следното коло му гостуваат на второпласираната екипа, Лабуништа 2011.
Фудбалерите на ФК Гостивар го играа полошкото дерби со екипата на Тетекс во Тетово. Поведоа домаќините во 62. минута, гостиварци изедначија во судиското продолжение со голот на Лама, натпреварот заврши 1:1. Со овој бод Гостивар заостанува 4 бодови од втората позиција, место кое носи бараж за влез во Првата лига. Во следното коло на Градскиот стадион во Гостивар ја пречекува екипата на Пелистер.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник