Вести
ФК Генч Калемлер со докажан стратег ќе јуриша во Втората МФЛ
Раководството на новиот гостиварски второлигаш екипата на Генч Калемлер, денска ги најави плановите и подготовките за престојната сезона.
Пред се сакаме да ги информираме нашите навивачи и јавноста дека ја продолжуваме соработката со нашиот шеф на стручен штаб, Бирол Топчиу.
– Со Топчиу успеавме да се пласираме во Втората лига, имаме одлична соработка, веруваме во неговите квалитети и се надеваме дека ќе ги постигнеме посакуваните резултати и оваа сезона. Затоа со задоволство ја продолжуваме нашата соработка потпишувајќи нов договор, изјави претседателот на ФК Генч Калемлер, Раиф Раиф.
Од клубот информираат дека со подготовките за претстојната сезона ќе започнат во понеделник, а во наредните денови ќе ги претстават и новите засилувања кои треба да ја зајакнат екипата од Долна Бањица.
Првенството во новата 2018/2019 сезона ќе започне на 18 август. Како информиравме Гостивар во новата сезона ќе има двајца претставници во Втората Македонска фудбалска лига – Запад.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди