Вести
ФК Гостивар и Вардар Форино ремизираа во дербито на западот
Вистински фудбалски празник беше во саботата на Градскиот стадион во Гостивар. Во спортска атмосфера пред солидно пополнети трибини, ФК Гостивар ја пречека екипата на Вардар од Форино. Фудбалерите на двете екипи одиграа одличен и возбудлив натпревар со дури 4 голови. Натпреварот заврши без победник со резултат 2:2.
Љубителите на фудбалот од Гостивар, не чекаа многу за првиот погодок, веќе во 16.минута со голот на Елмир Алији, поведоа гостите од Форино со 0:1. Во 23.минута, Садики од Вардар постигна автогол, со кој го израмни резултатот на 1:1. После само 4 минути игра, гостите повторно успеаа да ја затресат мрежата на Гостивар и повторно преминат во водство, голот за 1:2 го постигна Мухамед Бекир. Резултат со кој се заминаа на одмор.
Во вторите 45 минути, низ главно израмнето полувреме, со шанси и на двете страни, ФК Гостивар успеа преку Илбер Алији да погоди во 54.минута и израмни на 2:2, резултат што се испостави за конечен и поделба на бодовите.
Со овие бодови после 8 кола во 2МФЛ, ФК Гостивар со 12 бодови се наоѓа на петата, а ФК Вардар на шестата позиција со 10 бодови.
Во следното коло ФК Гостивар ќе гостува во Скопје против истоимената екипа, ФК Вардар Форино ќе ја пречека екипата на Кораб од Дебар.
-
Гостиварпред 21 час
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград