Поврзи се со нас

Спорт Гостивар

ФК Гостивар и Вардар Форино сигурни во 11.коло во 2МФЛ

Викендов се одигра единаесеттото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Запад. Гостиварските екипи  ФК Гостивар и Вардар од Форино забележаа убедливи победи.

ФК Гостивар ја запиша петтата победа во Втората МФЛ совладувајќи ја екипата на Охрид со резултат 2:0. Гостиварци поведоа во 33.минута преку Бурак Менга, за во вториот дел Бленди Бектеши со погодок во 63.минута го постави конечниот резултат 2:0. Со овие три бода екипата на Гостивар останува во трка за врвот на табелата. Со 18 бодови се наоѓа на 5. место на табелата, но само два бодови помалку од лидерот Пелистер. Во следното коло му гостува на Велазерими 77 во Кичево.

ФК Вардар од Форино гостуваше во Скопје кај екипата на Кадино. Форинци запишаа нови три бодови, со кои остануваат во игра за горниот дел од табелата. Со головите на Ејупи во 38. и Алији во 45.минута, гостите во првиот дел го одлучија победникот. Домаќините го намалија резултатот во второто полувреме, но немаа сили за нешто повеќе. Со 17 бодови Вардар се наоѓа на 6. позиција. Во следното коло ја пречекуваат екипата на Лабуништа 2011.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!