Поврзи се со нас

Вести

ФК Гостивар и Вардар од Форино со порази го завршија есенскиот дел од првенството

Објавено

на

Викендов се одигра последното, 14-то коло од есенскиот дел од шампионатот во Втората македонска лига – Запад. ФК Гостивар ја пречека екипата на Пелистер, Вардар од Форино гостуваше во Скопје.

Фудбалерите на ФК Гостивар загубија на домашен терен од екипата на Пелистер. Битолчани го одлучија победникот уште во првиот дел, со головите на Бошковски во 17.минута и Главевски во 45.минута славеа со 0:2, заминувајќи од Гостивар со три бодови и промовирајќи се во есенски првак. За гостиварци ова е трет натпревар во серија без победа, имаат скор од 5 победи, 4 нерешени и 5 порази, со 19 бодови се едно место над опасната зона за испаѓање.

Екипата на Вардар од Форино гостуваше во Скопје, кај истоимената екипа. Го загубија натпреварот со резултат 3:0. Форинци имаат 5 победи, 3 нерешени и 6 порази во досегашниот дел од првенството, исто така се во серија од три натпревари без победа. Имаат 18 бодови и се на граница на зоната за испаѓање.

Од фудбалските учесници од регионот во Втората лига – Запад, најдобро пласирана е екипата на Дрита од Боговиње. Со 20 бодови се наоѓаат на 5. позиција на табелата. 

Паузата до пролетниот дел во фудбалското првенство ќе трае до март 2020 година. 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 секунди

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 13 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 20 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 21 час

Изгорени над 400 хектари шума во НП Шар Планина за еден месец

Гостиварпред 22 часа

Дете нападнато од соученици, случајот пријавен во ОВР Гостивар

Здравје и убавинапред 22 часа

Совети за брзо закрепнување ако имате болки во грбот

Македонијапред 23 часа

МОН ги известило училиштата да ги одработат 24 април и 8 мај во саботи

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена