Поврзи се со нас

Спорт

ФК Гостивар по 9 години се врати во Првата македонска фудбалска лига

Објавено

на

Фудбалерите на Гостивар, денеска на свој терен убедливо ја совладаа екипата на Борец (4-0), освојувајќи 3 бода, со кои и математички го озбезбедија второто место на табелата, кое директно води во Првата македонска фудбалска лига.

За гостиварци ова значи дека по пауза од 9 години, во Гостивар се враќа прволигашкиот фудбал од следната сезона.

Амбициозниот проект кој започна со влегувањето на инвеститорите од Турција во гостиварскиот фудбалски клуб, ја исполни зацртаната цел на едно коло пред завршување на сезоната 2022/2023. ФК Гостивар сезонава од 29 одиграни натпревари запиша 22 победи, 7 нерешени и без ниту еден пораз се промовира во нов прволигаш.

Антонио Каланоски постигна два, а Крстевски и Зука по еден гол во денешната голема победа за ФК Гостивар.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена