Спорт
ФК Гостивар сѐ уште без прва радост во ПМФЛ, пораз од Тиквеш 0-3

Викендов се одигра второто коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое фудбалерите на ФК Гостивар ја пречекаа екипата на Тиквеш, која славеше со убедливи 0-3 на Градскиот стадион во Гостивар.
Словенецот Курез го отвори резултатот во 38. минута, Ибиши зголеми на 0-2, а Иваноски ги постави конечните 0-3 во 64. минута, Тиквеш е лидер на табелата со максимални 6 бодови. Гостиварци се сѐ уште без постигнат гол во новата сезона по враќањето во најсилното фудбалско натпреварување во земјава, во првото коло загубија од шампионот Струга Трим Лум со 2-0.
Во следното коло му гостуваат на екипата на Брегалница во Штип.
Во останатите натпревари Шкупи славеше против Вардар со минимални 1-0, Брера Струмица, Силекс и Македонија ЃП забележаа домашни победи.
Поради настапот во квалификациите за Лигата на конференции, актуелниот бранител на титулата Струга својот натпревар од ова коло на гостински терен против тетовска Шкендија ќе го одигра на 30 август.
ПМФЛ – 2. коло:
Вардар – Шкупи 0-1
Силекс – Работнички 2-0
Македонија ЃП – Брегалница 1-0
Гостивар – Тиквеш 0-3
Брера Струмица – Воска 2-0
Шкендија – Струга ТЛ (30. август).
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!