Спорт
ФК Гостивар се пласира во 1/8 од Купот на Македонија
Фудбалерите на Гостивар успеаа да се најдат во осминафиналето од Купот на Македонија, совладувајќи ја вчера на домашен терен екипата на Тиквеш од Кавадарци со резултат (5:0).
Лидерот на табелата во 2МФЛ – Исток, Тиквеш, беше рамноправен противник само до 43. минута, кога гостиварци преку Бленди Бектеши успеаа да го скршат отпорот на гостите. На 2:0 зголеми Белули во 60. минута, со што ја најави голеадата. Валтрин Ќамили со погодоците во 71. и 80. минута и Едиз Спахију во 88.минута само ја потврдија убедливата победа на ФК Гостивар од (5:0) и пласманот во следната рунда.
Осминафиналисти во Купот на Македонија се: Вардар, Кит-Го, Пелистер, Шкупи, Велешта, Беласица, Силекс, Каменица Саса, Гостивар, Работнички, Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди