Поврзи се со нас

Спорт Гостивар

ФК Гостивар со ново раководство – Влерим Исени нов претседател на клубот

Отакако пред почеток на сезоната 2019/2020, Општина Гостивар го презеде раководењето со фудбалскиот клуб Гостивар, доцна синоќа беше избрано и новото раководство. Во салата на Советот на Општина Гостивар, состанок одржа управа на ФК Гостивар, каде беа избрани новите носители на функции.

За нов претседеател на клубот е избран Влерим Исени, а нов секретар ќе биде Алмир Даути.

Новиот претседател на ФК Гостивар се заблагодари на присутните за довербата која му е укажана и потенцира дека ќе работи напорно клубот уште оваа сезона да влезе во елитниот ранг на натпреварување.

Исени упати благодарност и до сите спонзори и помагатели на клубот, надевајќи се дека сезонава, која штотуку започна ќе донесе убав фудбал во Гостивар.

Во следните денови Исени ќе треба да го избере потесното раководство кое ќе му помага во стабилизација на клубот во сите структури.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Каде ќе одите на одмор ова лето?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!