fbpx
Поврзи се со нас

Вести

ФК Гостивар започна со подготовките за пролетниот дел од првенството

Објавено

на

Гостиварскиот претставник во Втората македонска фудбалска лига, екипата на ФК Гостивар денес ги започна подготовките за пролетниот дел од првенството, откако новиот тренерот на гостиварци Бирол Тобчиу ги построи своите фудбалери и го одржа првиот тренинг.

Меѓу играчите на првата прозивка се најдоа и неколку нови имиња Енсар Лума, Хасип Локи, Бесар Реџепи, Џемаил Есати и Мусли Лика се најновите инвестиции на клубот со чиј ангажман се очекува остварување на зацртаните цели.

Претседателот на ФК Гостивар, Влерим Исени открива дека ова не се единствените засилувања, во следните денови се очекуваат уште неколку фудбалери кои ќе се преселат во гостиварскиот клуб.

„Денеска започнаваме со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првиот дел од припремите до 8 февруари ќе ги одработиме во Гостивар, а потоа во план е да продолжиме на некое потопло место. Во зимскиот преоден рок ангажиравме петмина нови фудбалери, но не застануваме тука деновиве ќе има и нови засилувања“, изјави Исени.

ФК Гостивар презими на шестата позиција на табелата во западот со 19 бода, осум помалку од лидерот Пелистер, а шест во однос на второпласираниот Велазерими 77.

Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

анкета:

Дали треба да се воведуваат дигитални учебници во училиштата?

  • Не (78%, 352 Votes)
  • Да (20%, 88 Votes)
  • Не знам (2%, 11 Votes)

Вкупно гласачи: 451

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!