Вести
ФК Вардар Форино го победи Пелистер – ФК Гостивар славеше во Боговиње
Одлично 10-то голо за гостиварските екипи кои се натпреваруваат во Втората македонска лига – Запад. ФК Гостивар и Вардар од Форино им се вратија на победите и запишаа по нови три бодови на контото. Вардар
Одличен натпревар и резултат постигнаа фудбалерите на ФК Вардар од Форино, совладувајќи ја првопласирата екипа на табелата и најголемиот претендент за влез во Првата лига, екипата на Пелистер од Битола со резултат 3:2.
Вистинска драма се одвиваше на Градскиот стадион во Гостивар, гостите од Битола први го отворија резултатот во 20.минута, за 0:1 погоди Бујчевски. За по примениот гол домаќините да нападнат со сите сили и уште до крајот на првиот дел го променат резултатот во своја полза. Најпрво Ејупи во 23. мунита израмни на 1-1, а во 40. минута Мемеди погоди за водство на својот тим од 2-1, резултат со кој се замина на полувреме.
Пелистер изненаден од брзиот пресврт со консолидирани редови влезе во второто полувреме, битолчани успеаа повторно да внесат резултатска неизвесност, изедначувајќи во 63.минута преку Шопоски на 2-2. Но, Екрем Мемеди и во двата наврати не им дозволи на гостите да се радуваат повеќе од 3 минути, веќе во 66.минута погоди за 3-2, гол, кој се испостави дека е победнички и за огромна радост на екипата на Вардар. Ова е само втор пораз за Пелистер во новата сезона. Со оваа победа ФК Вардар има 14 бодови и се наоѓа на 7.место на табелата. Во следното коло гостува на екипата на Кадино.
Екипата на ФК Гостивар гостуваше во фудбалски соседно Боговиње, кај екипата на Дрита. Гостите од Гостивар беа поуспешни добивајќи го натпреварот со резултат 0-1. Единствениот гол на натпреварот го постигна Шериф Реџепи во 38.минута, запишувајќи нови три бодови за својата екипа. Со оваа победа гостиварци имаат вкупно 15 бодови, се наоѓаат на 5.место на табелата. Во следното коло на домашен терен ќе играат против екпата на ГФК Охрид.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар