Поврзи се со нас

Гостивар

Фокус група со жителите во Општина Врапчиште за изградбата на противпожарен објект во Градец

Објавено

на

Во просториите на Општина Врапчиште, се оддржа фокус група со учеството на локалното население и претставници на општината. Главната тема на дискусијата беа прашањата поврзани со изградбата на објект за противпожарна заштита во селото Градец. Ова претставуваше едно од предизборните ветувања кои што беа мониторирани од страна на здружението „Моја Фарма“ во рамките на нивниот проект „Мониторинг на предизборни ветувања“.

„На фокус групата беа искажани позитивни ставови во однос на изградбата на самиот објект затоа што подрачјето е многу подложно на пожари како од домаќинствата така и од земјоделските активности, а при интервенции се користела пожарната станица на општина Гостивар. Со овој проект и изградбата на противпожарната станица ќе се реши овој долгогодишен проблем и честопати задоцнетото интервенирање на терен, а жителите и општината беа особено задоволни што во самиот објект ќе бидат ангажирани нови 9 вработени за чиј што ангажман огласот е во тек и кои што треба да добијат 6 месечен курс и сертификати за пожарникари кои што потоа ќе ја опслужуваат територијата на општина Врапчиште и општина Боговиње. Предвидено е објектот да се заврши со целосна изградба и да се пушти во употреба до крајот на оваа 2023 година со што и целосно ќе биде исполнето ова предизборно ветување на градоначалникот на општина Врапчиште“, соопштија од здружението „Моја Фарма“ од Гостивар.

Активноста се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена