Поврзи се со нас

Македонија

Формирана Група на пријателство помеѓу МПЦ и ИВЗ

Објавено

на

На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а со поддршка на поглаварите на МПЦ-ОА и ИВЗ, денеска е формирана Група на пријателство помеѓу овие два доминантни верски субјекти во државата, како формална рамка која ќе понуди квалитетен простор во којшто двете страни може да продуцираат многу поголемо разбирање и меѓусебно запознавање и поттикнување заедничка грижа за јавното добро.

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски истакна дека на денешната средба присуствуваат професори на Богословскиот и на Исламскиот факултет, студенти, но и верски службеници од поновата генерација.

„Сакаме да овозможиме простор идните свештени лица да имаат контакти меѓу себе со што во многу сегменти во општественото живеење ќе имаме квалитативни подобрувања и поместувања. Се работи за навистина значајна рамка која што ќе ја развиваме во четири модули во следниот период и она што досега на различни нивоа сме го правеле сега добива една поформална своја структура“, нагласи Сотировски.

Тој појасни дека групата ќе функционира на ниво на тематски видувања, ќе разгледува различни прашања, и при тоа ќе користи странски компаративни искуства, пред се, позитивни, но и негативни, во однос на постигнати поместувања и за ризици што не биле навреме предвидени.

„Имаме здрави односи помеѓу МПЦ и ИВЗ во моментов, на тоа се работело доста долго време и тоа треба да го искористиме во правилен момент да направиме еден чекор понатаму. Практично тоа би значело дека после секоја годишна група на пријателство ние во еден период од една декада ќе имаме многу учесници коишто ги поминале групите на пријателство и соодветно во нивниот телефонски именик имаат контакти од верските службеници од другата страна. Тоа во многу наврати ќе се покаже како многу корисно и нужно во времиња на кризи, како овие денес кога се затвораат круговите и се сегрегира општеството по социјална припадност, по верска, по јазична, по национална итн., по политичка особено. Ние мора да градиме една авангарда која и во кризни времиња контактира меѓу себе и гради она што државата го препознава како едно општество, а луѓето го препознаваат како единствено здраво општество, општество во кое што сегреграцијата не постои или не постои во секоја пора. Да изградиме еден квалитет на општествено живеење“, ја појаснува Сотировски целта на Групата за пријателство.  

Групата ќе биде со симетричен број на припадници од двете страни и ќе одржува средби во четири модули коишто ќе бидат претходно тематски усогласени со претставниците од двете религиозни заедници.

Засега не се планира во работата на групата да бидат вклучени и надворешни експерти вон теолошката сфера.

„Јас мислам дека и двете страни се заситени од активизмот којшто го продуцираат и за секој поздрав е невладиниот сектор. Ова не се работи за проект. Ова не е проект. Тука ние не треба да кажеме некому дека сме постигнале нешто. Ние само создаваме простор во којшто нешто треба позитивно да се развие. И во таа смисла сметам дека ваквата рамка која што денеска е поставена е соодветна и ќе даде свој резултати“, дециден е првиот човек на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.  .

На настанот со кој и формално започна со работа „Групата на пријателство“, присуствуваа и се обратија поглаварите архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан,  реисул-улема х. хфз. Шаќир ефенди Фетаи, како и деканите на Православниот богословски факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и на Факултетот за исламски науки, проф. д-р Шабан Сулејмани. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 5 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 8 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 8 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 9 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 11 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 23 часа

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 1 ден

Се превртел чамец со две лица во Мавровско Езеро, во тек е спасувачка акција

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена