Забава
„Формула 2-2-2“ за посреќен брак

Лошата љубовна врска или брак може да биде прилично голем стрес. Психологот Кимберли Хершенсон, во таа смисла ја препорачува „Формулата 2-2-2“. Тоа значи следново – треба да излезете со девојката, момчето или сопружникот еднаш во две недели, да отпатувате некаде за викенд на секои два месеци и да одите некаде на една недела на секои две години.
„Мислам дека ова е одлично. Покрај почитта, тогаш ќе имате навистина одличен брак, а тоа најчесто значи – да минувате повеќе време заедно. Тоа, за жал, многу луѓе го забораваат. Имав можност да работам со парови кои биле пред развод кога решија да ја пробаат „Формулата 2-2-2“. Состојбата обично оди кон подобро и луѓето се откажуваат од разводот“, појасни психологот и советник за брак, во интервју за „Фокс њуз“.
Таа нагласи дека двојките комуницирале многу подобро и поподробно научиле што се случува во животот и главата на другиот крај себе.
Универзитетот во Џорџија во САД пред неколку години спроведе истражување што покажа дека зборот „благодарам“ е еден од клучните предуслови за среќен брак. Во истражувањето, 468 лица кои биле во брак, одговарале на прашања во врска со финансиите, комуникацијата и благодарноста кон неговиот партнер.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава