Гостивар
Францускиот Амбасадор Баумгартнер на прием кај градоначалникот Таравари

Амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Баумгартнер денес беше во посета на Општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари.
„Со претходниот француски Амбасадор Тимоние, имавме одлична соработка и се надевам дека така ќе продолжиме и со новиот Амбасадор Баумгартнер. Чест и задоволство ми е денеска да го пречекам во својот кабинет. Секако разговараме на повеќе теми, актуелните случувања и состојби, како и можностите за соработка и реализација на проекти“, изјави Таравари.
И Амбасадорот изрази задоволство од остварената средба, прва официјална во Гостивар.
„Ова е моја прва посета на Гостивар, а јас верувам дека традицијата на добра соработка со општината ќе продолжи понатаму. Земјата се наоѓа во значаен период кога претстои попис на населението и локални избори, па со градоначалникот ќе размениме мислења и ставови и околу овие текови“, рече Амбасадорот.
Таравари на гостинот дипломат му подари плакета со Саат Кулата и вратоврска.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград