Поврзи се со нас

Култура

Француско-германски саем на книги во Гостивар

Објавено

на

 

Читањето како можност за интеграција и подобро меѓусебно разбирање во Гостивар се промовираше преку Француско-германски саем на детска литература, под наслов „Го читаме другиот“ . Манифестацијата, што се одржа во Центарот за култура е дел од проект кој заеднички го спроведуваат Францускиот институт и Гете-институтот од Скопје.

Саемот беше наменет за ученици од гостиварските училишта кои ги изучуваат овие два јазика како наставни предмети. Настанот беше исполнет со литературно читање, работилница како и дружење со германски и француски писатели за деца.

Целта на проектот е да се нагласи дека јазиците не претставуваат конкуренција еден на друг, туку напротив, изучувањето на еден јазик, дали е тоа германски, француски, македонски или албански јазик, овозможува создавање на блиски социјални врски и притоа можат да се наминат невидливите бариери меѓу различните заедници“, изјави Гордана Вугерт Бабоска, од Гете институт

Исти вакви саеми во рамки на проектот беа организирани и во Скопје и Битола. Активностите се реализираат со поддршка на Германско-францускиот културен фонд и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена