Гостивар
Фрапантно: Во Гостивар за еден месец уловени 40 „диви“ возачи, минатата година над 1.100

Управувањето возила без положен возачки испит е еден од почестите прекршоци кои полицијата ги регистрира на гостиварското подрачје. Секојдневно низ улиците и патиштата има “диви“ возачи, кои седнуваат зад волан без да размислуваат за последиците.
Статистиката на Секторот за внатрешни работи го потврдува тоа. Во текот на јануари во гостиварскиот регион биле откриени вкупно 40 возачи кои управувале возила без положен возачки испит. На тетовското подрачје бројката е уште поголема и изнесува 81.
Најголемиот број од нив управувале автомобили. За прекршокот им биле изготвени содветни прекршочни платни налози.
Според податоците од СВР, минатата година вкупниот број на откриените возачи без дозвола на гостиварските простори бил 1.134, додека во Тетово и тетовско изнесувал 1.367.
„Имајќи ги во предвид овие бројки, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува дека управувањето без возачка дозвола е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и дека паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 300 евра во денарска противвредност. Глоба од 300 евра предвидена е и за сопственикот на возилото, кој му го преотстапил на управување на лице без возачка дозвола, додека на правните лица им се изготвува барање за поведување судска прекршочна постапка.“, наведуваат од СВР.
Полицијата најави дека и во наредниот период ќе продолжи со засилени контролни активности, во чие средиште ќе биде откривање и санкционирање на возачи во Полошкиот регион, кои седнуваат зад волан без положен возачки испит.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести