Поврзи се со нас

Гостивар

Фудбалерите и ФК Гостивар во хумана акција за помош на загрозени семејства

Објавено

на

Посветени на спортот, но не ја забораваат и хуманата страна. Фудбалерите на ФК Гостивар се вклучија во хуманитарни активности за помош на социјално загрозени семејства. Клубот одлучи да ја обезбедуваи сета потребна храна за сиромашните семејства, корисници на народната кујна „Дава“, во период од една недела, а фудбалерите денес заедно со спортскиот директор, Мухамед Исмаили беа во кујната и помагаа во дистрибуција на оброците.

„Сиромаштијата што не‘ зафати, не може да не‘ остави рамнодушни. Енес Устаи, кој раководи со клубот, е хуман човек и покажува грижа за сите, затоа одреди да се спроведе „недела на хуманоста“. Активностите ги почнуваме од „Дава“, преку која ќе ја обезбедиме  храната за загрозените семејства кои се нивни корисници, а во делењето ни се вклучени и нашите фудбалери, кои секогаш се подготвени да помагаат и да изразат хуманост. И светски популарните фудбалери се познати по добтотворни цели.“, рече Исмаили, најавувајќи дека утре на градскиот стадион ќе имаат дополнително делење на 70 хуманитарни пакети.

Претседателот на „Дава“, Муса Хусеин им се заблагодари на поддршката.

„Сега во овие кризни моменти секако расте бројот на луѓе кои имаат потреба од помош. Најважно ни е да им најдеме работа на оние кои се способни за работа. За да може сами да си обезбедуваат основни потреби. Од гостиварскиот фудбалски клуб не‘ контактираа и ги подмирија трошоците на нашата кујна за една недела, за што им благодариме многу. Ќе повториме дека не прифаќаме пари, но донаторите ни обезбедуваат прехранбени продукти во износ што решиле да го донираат“, изјави Хусеин.

Народната кујна „Дава“ секојдневно обезбедува храна за околу 400 социјално загрозени граѓани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена