Деца Родители
Функционално – здраво семејство
Тргнувајќи од анализата на семејството како клучен фактор во развојот на детето како место каде што започнува процесот на формирање на сликата за себе кај детето , може да зборуваме за два вида на семејства: здраво-функционално семејство и дисфункционално семејство.
Здраво семејство е она семејство кое може да се развива и покрај тешкотиите на кое наидува. Здравото семејство ги решава проблемите низ семејните правила и вредности, таа поседува извор на решавање на проблемите. Во здравото семејство , толеранција на конфликтот може да се одржи долго се додека не се најде некој компромис за решавање на проблемот. Границите на здравото семејство се пропустливи и ја одржува раздвоеноста на генерациите, членовите на иста генерација имаат еднаков ранг. Меѓусебната доверба и лојалност се основа за стабилни односи во семејството. Оваа стабилност го негува чувството на семејството како целина и служи како одбрана од стрес и дезорганизација. Детето коешто расте во едно вакво здраво семејство има предиспозиции да се развие во стабилна личност со адекватно оформена емоционалност и социјалност во согласност со возраста.
Правилниот психички развој на детето во здрава семејна средина,деца кој живеат во функционална семејна атмосфера, емоционалниот и социјалниот развој соодветствува на нивната возраст, имаат добра рационална контрола на импулсите , воспоставуваат квалитетни контакти со средината, имаат добра емоционална контрола и топли емотивни контакти. Сомничавоста и слабиот контакт со опкружувањето е во мал степен присутен кај децата од 6 и 7 годишна возраст, што е сосема адекватно за таа возраст, со оглед дека на оваа возраст децата за прв пат се одделуваат од семејството и се впуштаат во надворешното опкружување. Децата коишто живеат во семејство со здрави семејни односи имаат позитивна слика за себе, голема самодоверба, чувство на сигурност, знаат како да примат и да дадат љубов. Тоа се деца кој што се одликуваат со осетливост, импулсивност, радозналост, имаат позитивно ментално здравје. Овие деца се спонтани во изразувањето на своите емоции. Родителите им даваат дозвола да се однесуваат на одреден начин. Од родителите добиваат внимание, насмевка, игра поради што репертоарот на изразување на емоции е богат, а слествено на тоа на животот гледаат позитивно и со радост. Родителите сакаат нивните деца да доживуваат радосни емоции поради што се трудат вешто да го ускладат својот став кон тажните и непријатни чувства на детето, им дозволуваат да ги изразат нудејќи му соодветни добри контакти и внимание, при тоа добрите контакти и вниманието кое родителот му го дава на детето не е секогаш поврзано само со непријатните чувства кое детето ги доживува, тие контакти се присутни и кога детето доживува пријатни емоции. Поради вниманието и грижата кое го добиваат од своите родители децата од функционалните семејства своите проблеми ги решаваат на конструктивен начин .
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа – Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија