Поврзи се со нас

Гостивар

Г.Јосиф до верниците: Божиќ да го прославиме со верба дека ништо не може да ја победи надежта што ја носи Христовото раѓање

Објавено

на

Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, Г.Јосиф по повод големите христијански празници Бадник и Божиќ до верниците упати честитки и порака за зачувување на вербата и надежта што ги носи Христовото раѓање. Во продолжение го пренесуваме посланието во целост:

Почитувани верници,
Во овие празнични мигови, дозволете од лично мое име како надлежен епархиски архиереј и од името на чесното свештенство на сите верници и духовни чеда при Тетовско-гостиварската православна епархија да Ви го честитам големиот празник Рождество Христово – Божиќ, со благопожелби пред сѐ за добро здравје, духовен спокој и мир, како и со желби за конечна победа над присутната пандемија.

Сите ние сме сведоци дека овогодинешното Раѓање на нашиот Бог и Спасител ќе го празнуваме во тешки денови, но да не очајуваме, бидејќи витлеемската ѕвезда доаѓа повторно да го осветли нашиот живот, да нѐ посети на единствената празнична вистина, а тоа е дека Христос се роди и дека Бог го испрати спасението на народот свој. Живеејќи со мислите кон таа вистина и очекувајќи го Богомладенецот, во овие претпразнични денови и ние како тројцата мудреци да чекориме мирно и спокојно на патот кон Витлеемската пештера за да достојно Му се поклониме на воплотениот Господ Исус Христос, Кој е наша единствена надеж, зашто како што сведочи евангелистот Лука „под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можело да се спасиме“ (Дела 4,12).

Христовото раѓање е празник, кој повторно ја буди изгубената надеж кај човечкиот род, надежта на спасението. Таа надеж ни ја носи радоста, а радоста која извира од рождеството на Спасителот на светот, не е просто еден сентиментален израз, туку плод на свеста дека повторно се покажа љубовта Божја кон нас, бидејќи „Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син, за да живееме преку Него“ (1 Јн. 4,9), дека Христос се роди за да нас нѐ избави од ропството на гревот и смртта. Затоа, драги браќа и сестри, и покрај сите маки и искушенија – овој Божиќ да го прославиме со верба дека и најголемата трагедија не може да ја победи надежта кај човекот која ни ја носи престојниот празник на Христовото раѓање.

Празнувајќи го тој прв празник меѓу празниците, да не дозволиме нашето внимание да го одземе световната агонија од застрашувачкото и несигурно утре, туку нашите очи да ги насочиме кон незалезната светлина на Рождеството Христово, кон Раѓањето кое на светот му го донесе Семето на вечниот живот и начелото на идниот век. Денес, кога ја слушаме повторно радосната вест: „Христос се раѓа, славете!“, сите ние да ја потврдиме нашата љубов кон Бога на тој начин што ќе ги озариме нашите умови со светлината на верата, ќе ги затоплиме пештарите на нашите души со добри дела и ќе ги украсиме јаслите на нашите срца со смирение за да во нив се роди воплотениот Богомладенец, Кого Го молиме да Ве благослови и да Ве обдари со богоугоден живот во Новото 2021 Лето Господово, влевајќи Ви надеж и искрена љубов во Вашите души.

Нека е честит овој голем христијански празник: Рождество Христово – Божиќ. За многу години! Радувајте се!

ХРИСТОС СЕ РОДИ ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Со Божји благослов,

Ваш постојан молитвеник пред Христа, Богомладенецот,
† Јосиф,
Митрополит Тетовско-гостиварски

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 9 минути

ДЛ: Во четврток ќе се празнува среќата, ќе се слави музиката од 1990-те и 2000- те, ќе се потсетуваме на едно убаво време!

Македонијапред 57 минути

Повлечена пакувана вода ризична за луѓето

Гостиварпред 2 часа

Нова песна на гостиварското дуо “D’Reamers”

Регионпред 3 часа

Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните од казни за прекршување на мерките против Ковид

Македонијапред 4 часа

Поради обилни врнежи од снег забрана за камиони и цистерни на патот Гостивар-Кичево

Вестипред 5 часа

Од денес почнува Божиќниот пост

видео емисиипред 16 часа

Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: Живка Матевска | ПЕНЗИОНЕРИ

Македонијапред 18 часа

Се поголем интерес кај македoнските граѓани за работа во Словенија

Гостиварпред 20 часа

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Животпред 4 недели

Дворот на Василески во Гостивар е рај за очи и душа! Уникатно катче кое дише со љубов и внимание

Што, како, каде?!пред 4 недели

Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 4 недели

Пензионерите во Гостивар учеа како самостојно и безбедно да користат интернет

Гостиварпред 4 недели

Протест на пензионери во Гостивар: Не може да се опстане со 10-12 илјади денари пензија!

Гостиварпред 4 недели

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Гостиварпред 4 недели

Семејството е во криза, се‘ повеќе разводи во Гостивар, бракови се растураат како кула од карти

Гостиварпред 4 недели

ОВР Гостивар лиши од слобода 3 лица под сомнение за дивоградба

Гостиварпред 3 недели

Полицијата на средба со ловечките друштва од Гостивар, Чегране и Врапчиште

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 4 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 5 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 5 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена