Поврзи се со нас

Гостивар

Гај Фокс (Guy Fawkes) – Човекот чие лице стана симбол на модерниот бунт

Објавено

на

Денес, без малку е невозможно да се замисли било каков политички протест, а на него да не се појави карактеристичната бела маска на лик со иронична насмевка, која стана симбол на модерниот бунт. Маска која исто така е симбол на Анонимусите, децентрализирани мрежи на активисти и хакери кои се залагаат за слобода на интернетот, укинување на цензури и рестриктивни закони за авторски права и со своите сајбер напади укажуваат на разни неправди и се борат за вистината против организации, моќни корпорации, па и влади на држави.

Маската која стана симбол на модерната револуција го претставува лицето на Гај Фокс, член на група католички екстремисти кои ја планирале познатата “барутна завера“ во 1605 година, а имала за цела да ја симне протестантската власт во Англија, која пак нанесувала големи неправди врз католичкото население.

Кој бил Гај Фокс?

Еден од најистакнатите симболи на денешните револуции, англиски револуционер од 17-ти век, кој стана познат по обидот да го разнесе англискиот парламент за да ја дестабилизира британската протестантска влада.

Гај Фокс

Фокс бил импозантен човек. Неговиот пријател Освалд Тесмонд, кој станал католички свештеник, го опишал како “човек со пријатен и весел пристап, верен на своите пријатели.“ Историчарот Антониа Фрејзер го опишува како “висок, силено граден човек, човек од акција, способен, со интелигентни аргументи, како и физички издржлив, на некој начин, бил изненадување на неговите непријатели.“

Гај Фокс е роден 13 април 1570-та година. Момчето од Јоркшир детството го поминал во страв, тортура и притисок поради неговата католичка вера. Во тоа време во Англија да си католик значело безмалку исто како да си криминалец, крадец, разбојник. Луѓето католици биле прогонувани и морале да се кријат по разни засолништа поради репресиите од протестантската власт. Подоцна ѝ се придружил на војската која ја служел со години, а во период од 1595 година до 1598 година учествувал во осумдесетгодишната војна на страна на католичка Шпанија против протестантската Холандска република каде се стекнал со повисоки чинови и научил да ракува со експлозив. Во тоа време името Гај го менува во италијанската верзија Гуидо. Во 1603-та ја напуштил својата единица и побарал поддршка од шпанскиот крал Филип III во организирањето бунт во Англија против “еретикот“ Џејмс I, но не ја добил. Во почетокот на 1604-та година Фокс почнал да се состанува со група англиски католички екстремисти на чело со Роберт Кејтсби. Заедно ја испланирале заверата за убиство на кралот Џејмс I со разнесување на англискиот парламент, која подоцна станала позната како “барутниот заговор“.

“Барутниот заговор“

Одлуката да ја изведе оваа операција паднала врз Гај Фокс како човек со најголемо воено искуство и работа со барут и експлозив. Сепак, и покрај 18 месечното внимателно планирање, овој заговор бил разоткриен и на 4-ти ноември Фокс бил уапсен на само неколку часа пред да го запали барутот и да го крене англискиот парламент во воздух. Утредента во подрумот под местото каде што требало да седи кралот биле пронајдени складирани 6 буриња полни со барут.

После два дена ужасно мачење, Фокс го признал делото и бил осуден на смртна казна со бесење и сечење на телото на четири дела додека сеуште е жив. Така, во текот на чинот скокнал на бесилката и си го скршил вратот за да ги избегне болките при сечењето на неговото тело. Телото било исечено, а деловите биле испратени ширум Англија во знак на предупредување.

Како Фоксовото лице стана симбол на модерната побуна?

Низ вековите легендата за Гај Фокс станувала сѐ попопуларна, а од 19-ти век неговиот портрет се ставал над големите логорски огнови кои се палел секоја година како спомен на неговиот неуспех.

главниот лик од филмот “V for Vendetta”

Гај фокс станал познат во цел свет дури после графичкиот роман (стрип), односно после филмот “V for Vendetta” (2006), во кој главниот лик е облечен како Фокс и со неговата маска се бори против фиктивна, зла, режимска влада во Англија. Тогаш истата таа маска со ликот на Фокс ја земаат за свој симбол и познатите Анонимуси, Occupy движењата, како и многу други антивладини групи ширум светот.

При развивањето на идејата за филмот “V for Vendetta”, илустраторот Дејвид Лојд му напишал на авторот на стрипот Алан Мур: “Зошто да не го прикажеме (главниот лик) како воскреснатиот Гај Фокс, заедно со една од оние хартиени маски, со наметка и со шешир? Би изгледало многу бизарно, а на Гај Фокс би му дале имиџ кој го заслужил сиве овие години. Не треба да го спалуваме секоја година, туку да го славиме неговиот обид да го дигне парламентот во воздух!“ Мур на оваа идеја одговорил: “Сите фрагменти во мојата глава наеднаш се наредија, обединети позади единствениот имиџ на Гај Фоксовата маска“.

маската со ликот на Гај Фокс – симбол на модерниот бунт

Од 2008-ма година, ликот на Фокс, односно маската со неговиот лик можеше да се види на неколку протести, а веќе од 2011-та година, во текот на Occupy Wall Street и останатите Occupy протести, маската стана меѓународен симбол на бунтот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 3 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 12 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 15 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 18 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Гостиварпред 19 часа

Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

ДПТ во коалиција со ДУИ, договорот за „Европски фронт“ потпишан во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена