Поврзи се со нас

Гостивар

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, 70 години чувар на традициите и обичаите

Објавено

на

Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар годинава одбележува седум децении постоење. Да се биде чувар на традициите, фолклорот и обичаите 70 години, претставува света мисија и значајна обврска. Како во однос на минатото, така и кон идните генерации.

Почетоците на друштвото датираат од 1950 година, кога група на млади гостиварци се собрале да ги продолжат традициите на претходно постоечко друштво познато под името „Шивачки“, кое било формирано во 1936-та година, обновено 1945 година под името „Петар Богданов Кочко“, а по две години замрело со работа.

Чекор по чекор, „Браќа Ѓиноски“ се развивало и ги зголемувало членството и настапите.

„Името на друштвото е дадено по браќата првоборци, Анте и Крсте Ѓиноски. На почетокот бил формиран градски хор, а веднаш потоа драмска и фолклорна секција. Првите позначајни резултати, друштвото ги бележи во 1953 година, на натпревар на градовите во Битола освојува награда за најуспешно друштво од западниот регион на Македонија. Бројот на членови постојано се зголемувал и во 1956 имало стотина членови. Со драмската секција во тоа време раководи Митко Димитар Томовски, кој за жал веќе не е меѓу нас. До 1965 година, тој режирал околу 12 драмски претстави со над 70 изведби. Во шеесеттите години, друштвото ги бележи првите учества на регионални фестивали Тетово, Дебар и во нашиот град.“, раскажува  Анте Тодоровски, секретар на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.

Друштвото успешно работело до 1976 година, кога следувал период на пауза од една година. Потоа, група на ентизујасти, меѓу кои и Андреа Михајлоски, Милош Смилјаноски, Нуфре Јованоски, Тихомир  Илиски, Павле Попоски, Симе Трифуноски го реоформуваат и продолжуваат со активности.

„Во 1981 година, четирите културно уметнички друштва од градот  албанското, турското, ромското и македонското се спојуваат и до 1992 година „Браќа Ѓиноски“ работи како градско друштво со секции на сите четири јазици.“, вели Тодоровски.

Друштвото до сега учествувало на бројни фестивали и манифестаци, во земјава и странство. Најголемиот меѓународен успех го постигнало на фестивал во Турција во 1985 година, каде во конкуренција од над 40 европски друштва го освоило првото место.

Во тоа време најуспешни биле драмската и секцијата за староградски песни. Особено била пополарна сценско-музичката постановка „Гостиварски згоди и незгоди“ посветена на обичаите врзани со празникот „Свети Трифун“, работена по текст на гостиварецот Стојан Карајанов.

„Друштвото е место низ кое поминале многу познати музички изведувачи како на народна, така и на забавна музика. Може да се пофалиме дека членови на друштвото биле и познатата група Ареа, потоа Индекси, Фаворити. “, нагласи секретарот.

ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ во два наврати е добитник на општинското признание за придонес во развојот на културата.

Во последните десетина години, друштвото се соочува со финансиски потешкотии. Од раководството велат дека неопходна е поголема поддршка од државните и локалните институиции.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 2 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 4 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена