Гостивар
Галичка свадба годинава нема да се организира
Откако еднаш ја одложи поради ковид пандемијата, Месната заедница Галичник донесе дефинитивна одлука манифестацијата Галичка свадба годинава да не се одржи.
„И покрај огромната желба и напорите што ги направивме да создадеме услови да ја одржиме традицијата на Галичката свадба макар и на Богородица, сепак, за жал, објективните околности бараат од нас да направиме голем компромис. Традиционалната манифестација Галичка свадба, со придружните забави годинава нема да се одржи. Општото добро за Галичани било секогаш на прво место! Така и годинава, борбата со Ковид 19 бара колективна дисциплина и одговорност. Меѓутоа, тука не застануваме. Енергијата ја насочивме кон тоа на друг соодветен начин да ја обележиме годинава и притоа и да оставиме траг, спомен. Во моментов ентузијазмот е преточен низ креативен процес на создавање сценарио за документарен филм за Галичник и Галичка свадба, бележејќи ги суптилните, рафинирани и пребогати со симболика и бит обичаи и воопшто магијата на животот во Галичник.“, соопштија од МЗ Галичник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар