Поврзи се со нас

Гостивар

Галичка свадба од 16 до 18 јули, младенци се Филип Бундовски и Катерина Илиевска

Објавено

на

Годинешното издание на Галичката свадба ќе се одржи од 16 до 18 јули, соопштија од Месната заедница Галичник. Лани, поради ковид пандемијата манифестацијата беше откажана, но годинава традицијата во живописниот Галичник продолжува.

„Планирано е Галичката свадба да се одржи од 16 до 18 јули, согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19 кои ќе се применуваат за организација на настани на отворено, и каде ќе дадеме и наш придонес.“, наведе Месната заедница.

По сите старински обичаи и традиции љубовта ќе ја крунисаат Филип Бундовски и Катерина Илиевска, кои лани беа избрани за зет и невеста на Галичка свадба.

Настанот ќе се организира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски.

Свадбарските обичаи почнуваат со пукање три пушки од балконот на куќата на зетот, веење на свадбарскиот бајрак, продолжуваат со играње на свекрвино и невестинско оро, опфаќаат традиции како канење на починатите, канење на кумот, бричење на зетот, гледање низ прстен, земање на невестата и други.

 

фото:МЗ Галичник

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена