Поврзи се со нас

Македонија

Гаши: Ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата

Објавено

на

Се собравме да докажавме дека имаме парламентарно мнозинство. Ќе поднесеме и иницијатива за гласање на недоверба на Владата, изјави вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека има ново парламентарно мнозинство.

– Се собравме да докажеме дека имаме 61 пратеник со што ќе покренеме иницијатива за недоверба на влада. Понатаму ќе видиме како ќе течат процесите, изјави Гаши за ТВ Сител по излегувањето од Собранието.

Според првиот човек на Алтернатива, денеска имало иницијатива за собирање потписи за интерпелација на Владата и тие како опозиција се потпишале, а потоа и се фотографирале за да докажат дека тие потписи се собрани.

-Ние како опозициска партија и коалиција нормално е дека се потпишавме на тоа и денеска пред крајот на денот, еве пред малку сите заедно ние што ги ги претставуваме тие партии седнавме, направивме една фотографија за докажеме дека тие потписи се собрани. Сега за сега тоа е единствената вест. Како ќе тече понатаму процесот ќе видиме, очекуваме да видиме како ќе реагираат и другите пратеници, рече Гаши.

Не станало збор за формирање Влада, туку, како што појасни, ова е прв процес за изгласување недоверба на Владата.

-Процесот се одвива заради интерпелација на Владата. Ако се изгласа недоверба тогаш почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за тоа кој ќе биде мандатар, каква влада ќе се состави. Тогаш ќе седнеме пак и ќе разговараме, но е битно да знаете дека Алтернатива нема да биде дел од Влада која би се повлекла од евроалтантските процеси интеграции. Мора нашата држава да застане, да опстане члнека на НАТО да  ги зацврстиме нашите однсои , а европските интеграции мораме да ги забрзаме што побргу можеме. Ако некоја партија дел од Влада со тоа условува ние нема да бидеме дел од таква влада, рече Гаши.

Претходно претседателот на Левица Димитар Апасиев и генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари при излегување од Собранието во изјава потврдија дека има ново парламентарно мнозинство.

– Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64, рече Апасиев одговарајќи потврдно на прашањето дали новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

– Ново мнозинство, 61, рече Таравари исто така на новинарско прашање.

Мицкоски во објава на својот фејсбук профил напиша „имаме ново парламентарно мнозинство, споделувајќи заедничка фотографија во Собранието со лидерот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и генералниот секратар на Алијанса на Албанците Арбен Таравари.

Парламентарното мнозинство брои 61 пратеник, но од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат зголемување на бројот на пратеници во мнозинството.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена