Македонија
Гаши: Станавме дел од Владата не поради страста за власт, туку поради државата

Партијата Алтернатива денес го одржува Првиот конгрес на којшто се избира нов претседател на партијата и ново партиско раководство.
Во своето обраќање пред присутните во салата претседателот на партијата, Гаши потенцираше, дека Алтернатива е дел од Владата не поради страст кон власта, туку затоа што, како што рече, ја сакаме државата.
„Ние станавме дел од оваа влада не поради тоа страста кон власта, туку поради државата. Во време кога државата беше во грч и кога тоа стана и прашање по нејзината стабилност, неуспешниот обид за формирање на ново мнозинство, неможноста да се изгласаат нови избори и ризикот кој и се закануваше на државата во однос на европската перспектива во таква состојба на нестабилност, беа причините кои не притискаа да донесеме ваква одлука. Секако, притоа ги имавме во предвид и очекувањата на нашите пријатели од меѓународната заедница, но и на нашите браќа Албанци од регионот. Иако знаеме дека таквата одлука имаше висока политичка цена, ние сепак, потполно свесни, одлучивме подобро да преживее Рим а не Цезар – подобро таквата цена да ја плати АлтернАтивА отколку граѓаните на нашата земја “, истакна Гаши нагласувајќи дека Алтернатива е првата албанска партијата која стана дел од една влада со потпишан договор.
Свое обраќање во отворениот дел од Конгресот имаше и генералниот секретар на партијата, Беким Сали кој истакна дека во Алтернатива членовите и раководството секогаш се таму каде што бараат обврските, а не онаму каде би имале личен интерес.
„Мојата Алтернатива ме предизвика и со одговорноста да да оставиме позитивен белег во здравствениот сектор. И, без да сакам да го узурпирам просторот на овој Конгрес, сакам да ви кажам дека ние сме целосно посветени и насочени кон радикално подобрување на системот. Градењето на новиот клинички центар ќе биде работа којашто можеби нема да заврши во нашиот мандат, но доколку успееме да го започнеме – секако со поддршка од сите парламентарни политички партии – ќе биде голема победа за целото наше општество и остварување на сонот на многу генерации.Затоа, побарав од партијата да има разбирање и да ме ослободи од партиските обврски за да им се посветам на професионалните обврски“, рече во своето обраќање генералниот секретар, Сали.
Алтернатива не само што им даде простор на младите, туку таа е и младинска партија, истакна претставникот на Младинскиот форум, Афан Елези во обраќањето потенцирајќи дека присуството на младите во партијата никогаш не било само украс и бројка, туку реална содржина.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022