Поврзи се со нас

Гостивар

Гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар е изграден 66%, ќе се комплетира следната година

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев заедно со министрите за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи, денес направи увид во работите на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. Од таму изјави дека гасоводот ќе биде готов во втората половина на 2021-ва година.
„Денеска сме на терен за да го видиме и да го охрабриме напредокот на работите на кракот од магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар. Овој магистрален гасовод е дел од гасификацијата, односно изградбата на преносниот систем за гас во целата држава, како еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија, од посебен и исклучителен интерес на граѓаните и на стопанството на нашата земја. Од увидот во работите констатиравме дека делницата Скопје – Тетово – Гостивар, во должина од 86 километри, заклучно со септември оваа година, е реализирана на ниво 66 проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на идната година, вклучувајќи ја и изградбата на мерните станици и краците кон градовите.“, рече Заев.

Бектеши истакна дека изградбата на гасоводот е најприоритетен проект во енергетиката во државата, а паралелно се работи на воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа.

“Ова ќе овозможи пониски цени за енергенси за индустријата и стопанството, а компаниите ќе станат поконкурентни со што ќе ги намалат нивните трошоци во делот на снабдување со енергенси, но дополнително ќе им овозможи и на граѓаните можност на снабдување со природен гас”, кажа министерот.

Бочварски потенцираше дека се вложени сите расположливи капацитети за интензивно решавање на имотно-правните односи и забрзување на постапките за експропријација и одобрување на проектите за инфраструктурната гасификација на земјата, која  ќе придонесе за намалени емисии на штетни гасови, а со тоа и за почист воздух и поздрава животна средина, од бенефит не само за нас, туку и за идните генерации.

„Во моментов за изградба на двата магистрални гасоводи се реализираат инвестиции во висина од околу 65 милиони евра од кои 29 милиони за изградба на кракот од Скопје кон Гостивар и 36 милиони евра за изградба на гасоводот од Неготино до Битола“, рече Бочварски.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 10 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 12 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 14 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 14 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 15 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 16 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 18 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 20 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена