Поврзи се со нас

Вести

Германската Амбасада донираше апарати за гостиварската болница

Објавено

на

Нови апарати за интерното и за детското одделение во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар изминатиот период се обезбедени преку донација на Амбасадата на Германија во Македонија. Интерно се поднови со дефибрилатор и нов ЕКГ апарат, додека во детското одделение поставена е дигитална вага за мерење на доенчињата при контроли и прегледи.

По тој повод денес во посета на болницата беше германскиот Амбасадор Томас Норберт Герберих. „Сакав лично да ја видам имплементацијата на еден од нашите мали проекти, мали грантови преку кои беа обезбедени апарати за болницата. Се радуваме што овој проект е успешно спроведен и подготвени сме и понатаму да пружаме ваков вид на поддршка“, изјави Амбасадорот.

Норберт Герберих претходно ја посети општина Гостивар каде оствари официјална средба со градоначалникот Арбен Таравари. „Разговаравме за проблемите и приоритетите во општината. Го запознав Амбасадорот со проблемите кои ги имаме со Советот како и за проектите во кои е вклучена Република Германија преку нивните банки кои помагаат за проекти како филтер станицата, потоа депонијата Русино која треба наскоро да започне со работа и слично“, рече Таравари.

Во болничките одделенија периодов има полни раце работа. На интерното одделение во текот на јануари за помош се обратиле над 640 пациенти.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена