„Како што стојат работите денес, на 12 октомври, претпоставувам дека ќе можеме да започнеме во првиот квартал од следната година“, рече Шпан на видео конференција со Институтот за истражување Ифо.

Вакцинацијата ќе биде доброволна, приоритет ќе им се даде на ризичните групи, старите лица и вработените во здравствените установи и домовите за стари лица.

Германија поддржува неколку проекти за развој на вакцината, а Шпан рече дека на крајот треба да биде повеќе од доволно за секого.