Македонија
Ги почитуваат ли газдите препораките за студениот бран? Сојузот на синдикати бара грижа за работниците на студот
Сојузот на синдикати на Македонија бара заштита на работниците од студениот бран што ја зафати Македонија и почитување на препораките на Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови, при Министерството за здравство.
ССМ се јави со соопштение во кое се нагласува работодавачите да водат грижа за безбедноста и здравјето на работниците и согласно препораките, да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, а за работниците коишто работат на отворено, се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час, во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.
Целата земја денес се наоѓа во портокалова фаза. Владеат екстремно ниски температури кои носат ризик по здравјето на граѓаните, особено ранливите групи. Сепак, освен препораки не се преземени други мерки, забрани или ограничувања за заштита на работниците. Нивното здравје е оставено на совеста на работодавачите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар