Здравје и убавина
Ги сакате ли праските? Еве колку се корисни за здравјето!

Во овој период од годината, едно од најомилените овошја на поголемиот дел од луѓето се праските. Овие сочни убавици, имаат неодолив мирис, многу убав вкус и го освежуваат организмот. Праските се и многу здраво овошје, кое прави вистински мали чуда за нашето тело.
Прво што треба да се нагласи е дека се ретко овошје, кое во себе содржи селен,минерал кој има антиоксидантско и антивоспалително дејство, ја подобрува циркулацијата и влијае врз имунитетот. Останати минерали во праската се: калиумот, фосфорот, магнезиумот и калциумот. Ова значи дека позитивно влијание има од глава до петици, за зајакнување на коските, за подобра концентрација, за сјајна кожа. Од витамините, праските содржат бета-каротен и витамини Ц, А, Б. Со консумирањето на праските и друго овошје кое е богато со антиоксиданси ќе ги спречите хроничните заболувања кои настануваат при делувањето на слободните радикали.
Праските се ниско калорично овојше, затоа што во 100 грама содржат само 40 калории. Ова е добра вест, за сите кои сакаат да ослабнат некој килограм. Го прочистуваат организмот и го подобруваат метаболизмот. Содржат 80-90% вода, мал дел јаглени хидрати и се оскудни со масти и протеини. Праската нектарина, за разлика од другите сорти, има помалку витамин Ц, но повеќе бета-каротен и поголема калориска вредност.
Друга употреба: Облога од свежи праски на пример, може да се користи за изгореници или при проблеми со кожата, акни, воспаленија и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите