Поврзи се со нас

Вести

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Хирајама болест

Објавено

на

Болеста позната во медицинската литература како мономелична амиотрофија претставува редок невролошки ентитет кој за првпат е опишан од јапонскиот невролог Кеизо Хирајама во 1959 година. Мономеличната амиотрофија преставува ретко бенигно нарушување на долниот моторен неврон. Оваа ретка болест има подмолен почеток, а се карактеризира со асиметрична слабост и атрофија на мускулите на горните екстремитети. Овој ентитет има машка предоминација, се јавува во периодот на адолесценција, на просечна возраст од 15 до 25 години, но сепак, и жените не се исклучени од оваа состојба. Највисока преваленца е забележана кај азиското население, со најголема застапеност во Јапонија, Кина, Тајван, Малезија, Индија, Шри Ланка, но пријавени се и неколку случаи од  Европа и Северна Америка.

Болеста Хирајама е ретка, бавнопрогресивна, предоминантно-унилатерална јувенилна амиотрофија која ги зафаќа мускулите инервирани од нервните клетки од С7, С8 и Т1. Оваа состојба настанува како последица на стеснување на таканаречената дурална „ќеса“ во вратниот дел од ‘рбетниот столб што доведува до хронични исхемични промени во предните рогови на ‘рбетниот мозок каде што се наоѓаат нервните клетки за контрола на мускулите од рацете. И покрај тоа што се јавува спорадично, опишани се во литературата и фамилијарни форми или како автосомно- рецесивно или доминантно пренесување. Комплетната етиологија и патогенеза на болеста сѐ уште не ни се во целост познати. Иако во основа се смета дека оваа болест е непрогредирачка и самоограничувачка, истата предизвикува значајна онеспособеност кај засегнатите индивидуи.

Клиничката манифестација се презентира со мускулна атрофија и слабост на подлактиците и шаките, најчесто на едната, но понекогаш и на двата горни екстремитета, но без какво било сензорно нарушување на истите. Пациентите најчесто се жалат на прогресивно опаѓање на функционалните способности најчесто на едната рака (унилатерално) кое се должи на намалена сила и нарушена умешност. Ваквите ограничувања ги пореметуваат во извршувањето на секојдневните активности кои бараат фини моторни функции како што се јадење, пишување, облекување, спортување, и слично. Пациентите со оваа болест, пријавуваат и потешкотии при ниски студени температури кои им ги влошуваат симптомите. Кај пациентите се јавува и т.н. „ладна пареза“. Имено, овие пациенти не пријавуваат болки, но пријавуваат зголемен замор, грчеви во мускулите, ладни раце, неправилен груб тремор и контракциски фасцикулации. Прогресијата е бавна, обично во временски распон од 3-9 години, проследена со запирање и стабилизирање на симптомите. Повремено може да се дестабилизира и да продолжи да напредува по 40-тата година од животот. Во ретки случаи може да напредува на спротивниот екстремитет.

Дијагноза:

Дијагнозата се поставува врз основа на детален клинички преглед и анализа на симптомите, МРИ на мозок, електромиографија на мускулите, испитување на спроводливост на нервите. Се прават рутински анализи на крвта, а од други тестови коишто се прават преку крвта, се забележува раст на серумски IgE, но сепак клиничкото значење на овој наод не е афирмативно.

Третман:

Кај оваа болест како опции на третман постојат конзервативен и хируршки третман. Конзервативниот третман вклучува благи и неинвазивни терапевтски пристапи како носење на таканаречена цервикална јака која претставува прва линија на третман. Се препорачува во раните фази на болеста бидејќи ја намалува флексијата на вратот. Намалената флексија на вратот ја запира понатамошната компресија на ‘рбетниот мозок во пределот на вратот. Се препорачува цервикалната јака да се носи 3-4 години. При физиотерапијата, како дел од конзервативниот третман, се спроведуваат вежби за зајакнување на мускулите на афектираната рака, како и за тренинг за координација на рацете. Хируршката интервенција е резервирана за тешките случаи на болеста Хирајама, а тежината се потврдува со МРИ, каде постои сериозно оштетување на ‘рбетниот мозок. Вообичаена хируршка интервенција е дурапластика со шатори, која е потврдена со добра стапка на успех и добар исход.

Прогноза:

Иако природниот тек на болеста е самоограничувачка на долг рок, слабоста може да напредува од 1 месец до 5 години. Се смета дека прогнозата на болеста е подобра од другите нарушувања на моторните неврони, со подолго преживување и помал морбидитет. Значително е да се напомене дека како дел од конзервативниот третман, навременото започнување со користење на цервикалната јака покажува ефикасност во речиси 58 % од случаите. Несомнено, треба да се забележи дека резидуалните симптоми можат да траат со децении. Се проценува дека приближно 70  % од случаите ќе имаат некои благи попречености. Докажано е дека раната интервенција ја ограничува прогресијата и ја минимизира инвалидноста.

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 3 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 6 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 7 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 8 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 10 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 22 часа

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 24 часа

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 1 ден

Се превртел чамец со две лица во Мавровско Езеро, во тек е спасувачка акција

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена