Поврзи се со нас

Вести

„Ги запознаваме ретките болести 2023“: Синдром на периодична треска, афтозен стоматит, фарингит, цервикален аденит – ПФАПА-синдром

Објавено

на

    Периодична треска, афтозен стоматит, фарингит и цервикален аденитис (отоци на вратните лимфни јазли), или накратко ПФАПА-синдром (PFAPA), е болест со периодичен тек која припаѓа во хетерогената група заболувања и се карактеризира со кратки епизоди на акутна состојба кои редовно се повторуваат во текот на неколку години придружувани со нормални здрави периоди помеѓу тие епизоди.

    Овој синдром за првпат е опишан и забележан од страна на д-р Гери Маршал во 1987 година кај 12 деца од Тенеси и Алабама. Во литературата може да се сретне и под името „Маршалов синдром“ – име дадено според заболен член на едно семејство. Пријавени се повеќе од 700 случаи од различни континенти и раси. Несомнено е дека повеќето случаи остануваат непријавени или недијагностицирани. Овој синдром е најчестиот синдром на периодична треска кај децата.

    Причини:

    Сѐ уште не е позната причината за ова заболување, иако докажано е дека се работи за инволвирани инфламаторни процеси, но не е сосема јасно поради што се развива акутната епизода. Болеста не е заразна и не се пренесува меѓу луѓето. Инфекциите можат да бидат поттик за повторување на епизодите на болеста. Опишани се случаи на болеста во семејства, но до денес не е идентификуван генетски фактор одговорен за самата болест.

    Симптоми:

    Овој синдром најчесто се јавува кај деца помали од 5 години, а поретко кај возрасни. Симптомите вклучуваат висока температура која трае од три до шест дена и се повторува на секои 21-28 дена придружена со болка по телото, премореност, афти по усната празнина, фарингит, цервикален аденит. Поретко се јавуваат артралгија (болка во зглобовите), енцефалит и бихевиорални проблеми. За времетраењето на симптомите не е утврдено присуство на инфекција. Факторите на воспаление (леукоцити, седиментација, ЦРП) во текот на траењето на симптомите се зголемени, а во паузите се нормални. Поради изразено високата температура и лошата општа состојба, децата често добиваат како препорака антибиотици, но сепак, болеста не се подобрува со нивната примена. Кај децата симптомите се повлекуваат по неколку години, но кај возрасните перзистираат подолго време. Симптомите варираат од лице до лице и не секогаш сите симптоми на болеста се присутни. Бидејќи не  постојат специфични тестови или дијагностички процедури за докажување, дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика. Имено, клиничката слика вклучува три или повеќе епизоди на треска која трае повеќе од пет дена и се повторува во интервали, без притоа да има во заднина некој акутен причинител. Придружена е со афтозен стоматит, фарингит, цервикален аденит. Крвната слика покажува леукоцитоза и покачена седиментација и ЦРП во акутната фаза, а помеѓу нападите на треска вредностите се нормални.

    Последици:

    Доколку акутниот тек на болеста се третира правилно, болеста не остава последици, нормално, тоа зависи и од општата состојба на пациентот, и од тоа дали постојат други коморбидитети.

    Третман:

    Не постои специфичен начин на лекување на овој синдром. Целта на лекувањето е контрола на симптомите во текот на епизодата од болеста. Кај поголемиот број деца, симптомите со време се намалуваат или спонтано исчезнуваат. Симптомите обично не престануваат целосно по примената на ибупрофен и парацетамол, кои вообичаено помагаат кај вирусните инфекции. Се покажало дека поединечната доза на кортикостероиди, дадена кога симптомите ќе се појават, ја намалува должината на траењето на нападот. Овие лекови родителите не смеат сами да им ги даваат на децата без претходен совет од педијатар и детални анализи и прегледи. Третманот вклучува симптоматска терапија на пројавените симптоми и подобрување на квалитетот на животот. Успешна терапија за справување со симптомите на овој синдром, вклучува: орални кортикостероиди (преднизон или преднизолон), тонзилектомија и отстранување на аденоидните вегетации и циметидин. Тимот на специјалисти кои даваат нега на пациент со ПФАПА-синдромот (PFAPA) вклучува: педијатар, оториноларинголог, ревматолог.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Занимливостипред 2 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена