Поврзи се со нас

Вести

„Ги запознаваме ретките болести“: Канаванова болест/Canavan disease

Објавено

на

Канавановата болест за првпат била опишана во 1931 година од страна на американскиот патолог и истражувач д-р Миртел Канаван. Во својот труд, го опишала случајот на дете кое починало на 16-месечна возраст чиј мозок имал сунѓерестобел дел. Д-р Канаван била првaта којашто го идентификувала ова дегенеративно нарушување на централниот нервен систем, кое подоцна било именувано во нејзина чест. Канавановата болест е најчестото невролошко дегенеративно нарушување во детството. Претставува болест од групата генетски нарушувања наречени леукодистрофии, што доведува до дефекти во миелинската обвивка која ги покрива нервните клетки во мозокот. Кај Канавановата болест, генетската мутација во хромозомот 17 предизвикува недостаток на ензимот наречен аспартоацилаза. Без овој ензим, настанува хемиски дисбаланс кој предизвикува уништување на миелинот во мозокот. Ова предизвикува здравото мозочно ткиво да се дегенерира во сунѓересто ткиво полно со микроскопски простор исполнет со течности. Станува збор за сериозна генетска промена, често фатална, која предизвикува влошување на миелинот, супстанца која ги опкружува аксоните на невроните за да го олесни преносот на нервните импулси за да не се шират правилно.

Се разликуваат две варијанти на Канавановата болест: неонатална / инфантилна и јувенилна. Првата вклучува потешки симптоми и се открива рано, додека пак јувенилната варијанта се смета за блага варијанта во која можат да се појават само умерени доцнења во моторниот и вербалниот развој и има подобра прогноза.

Добар дел од децата со тешка варијанта на Канавановата болест умираат пред нивниот 10-ти роденден, а други успеваат да достигнат животен век од околу 20 години. Канавановата болест се наследува во автосомно-рецесивна форма, што значи дека детето мора да наследи по една копија од мутираниот ген од секој родител за да ја развие болеста. Иако Канавановата болест може да се појави кај која било етничка група, таа е почеста кај Евреите (Ашкенази) од Полска, Литванија и западна Русија, како и кај арапите од Саудиска Арабија.

Симптоми:

Симптомите и знаците се променливи и зависат од случај до случај. Болните деца можат да изгледаат нормално при раѓање и обично ги развиваат првите симптоми на возраст помеѓу 3-6 месеци. Симптомите можат да вклучуваат: макроцефалија (зголемен обем и големина на главата во споредба со деца од иста возраст и пол), паѓање на главата, значително намален мускулен тонус, доцнење и развојни промени во моторниот развој на детето. Покрај тоа, можат да бидат присутни психомоторна регресија, ментална ретардација, летаргија и раздразливост на детето. Повеќето од децата учат да се смеат, да ја креваат главата и да постигнуваат социјална интеракција. Дополнителни клинички манифестации што можат да бидат присутни се конвулзивни напади, нарушувања на спиењето, нарушувања на голтањето, течење од носот, гастроезофагеален рефлукс кој понекогаш може да биде пропратен со повраќање, како и зафатеност на оптичкиот нерв со потенцијално оштетување на видот. Во повеќето случаи, слухот е зачуван, но не е исклучена можноста за губење на слухот. Децата со најтешки форми, развиваат дури и компликации опасни по живот, најчесто на возраст од 10 години, но можат да се појават и во подоцнежните години. Со возраста, мускулната хипотонија може да се претвори во спастицитет, состојба која се карактеризира со неволни грчеви во мускулите, ригидност на нозете и понекогаш присутни се и неконтролирани движења на екстремитетите.

Дијагноза:

За оваа болест, лекарите треба да се посомневаат врз основа на клиничката слика. Дијагнозата може да се потврди со детална анамнеза и разни тестови, како што се масена спектрометрија и гасна хроматографија. Зголеменото ниво на Н-ацетиласпартанска киселина може да се регистрира во урината, цереброспинална течност и во крвта. На компјутерската томографија (КТ) или магнетната резонанца (МРИ) на мозокот има присутна дегенерација на мозочното ткиво. Тестовите на крвта можат да се направат за да се открие недостатокот на ензимот аспартоацилаза или да се бара генетска мутација што ја предизвикува болеста.

Пренаталната дијагноза на оваа болест може да се постави со амниоцентеза во периодот помеѓу 16-та и 18-тата гестациска недела, со мерење на нивото на Н-ацетиласпартанската киселина во амнионската течност. Ако и двајцата родители имаат мутации на генот ASPA, препорачливо е да се земе примерок од хорионските ресички за анализа помеѓу 10-та и 12-та недела.

Третман:

Терапијата е симптоматска. Нападите можат да се запрат со антиконвулзивна терапија. Тешкотиите при голтањето можат да бидат многу проблематични; во некои случаи потребно е да се нанесат цевки за хранење и хидратација за да се обезбеди преживување на пациентот. Физичката терапија е многу корисна за подобрување на моторните и постуралните способности. Исто така може да ги олесни контрактурите, кои се многу чести поради промени во тонусот на мускулите. Другата форма на терапија што се истражува е генетската терапија. Оваа терапија се базира на вметнување на здрави форми на генот ASPA во мозочното ткиво на заболените деца. Овие гени произведуваат аспартоацилаза, која е неопходна за метаболизмот на Н-ацетиласпартанска киселина и со тоа се спречува нејзиното натрупување. Децата подложени на генетска терапија покажаа одредено подобрување. Сепак, потребни се повеќе истражувања за да се согледа дали оваа терапија има долгорочни и несакани ефекти.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 1 час

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 2 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 4 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 5 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 7 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 11 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена