Поврзи се со нас

Вести

Ги запознаваме ретките болести: Силвер-Раселов синдром

Објавено

на

Силвер-Раселовиот синдром е ретка вродена состојба за првпат опишана од страна на американскиот педијатар д-р Хенри Силвер и англискиот педијатриски ендокринолог д-р Александар Расел во 1954 година.

Инциденцата на овој синдром се проценува на 1 – 30/100.000 случаи и до сега во литературата се пријавени околу 400 случаи.

Причина:

Синдромот е генетско нарушување предизвикано од абнормалности во хромозомот 7 или хромозомот 11. Повеќето случаи не се наследни, и се смета дека се резултат на спонтани мутации. Во 7 – 10 проценти од случаите, луѓето ги наследуваат обете копии од хромозомот 7 од нивната мајка, наместо по еден од секој родител. Овој феномен се нарекува униферентна мајчинска дезоминација. Во околу 40 проценти од случаите, причината за синдромот е непозната.

Повеќето случаи се спорадични, се јавуваат во семејства со негативна семејна историја. Во ретки случаи, може да се најде во семејства погодени од овој синдром. Автозомното доминантно наследство е потврдено во некои семејства, а автозомното рецесивно наследство е потврдено во други семејства.

Симптоми:

При раѓањето бебињата се мали за таа гестациска возраст, со тежина при раѓање помала од 2.800 гр, и висина обично помала од 45 см, со карактеристично мало триаголно лице. Се појавуваат проблеми со хранењето – детето не е заинтересирано за храна, често пати го одбива тоа, а кога ќе прифати, тогаш станува збор за мали количини на храна. Созревањето на коските е одложено. Хипогликемија е исто така присутна, а повраќањето е честа појава за новороденчињата, особено во ноќниот период.

Се забележува сивило или бледило на кожата, што може да се должи на хипогликемија. Се карактеризира со триаголен изглед на лицето, истакнато чело, помала долна вилица и изразена брада. Фонтанелата е широка и се затвора подоцна, асиметријата на телото е честа, се појавуваат и клинодактилија (искривување на прстот), послаб мускулен тонус, забележително губење на поткожното масно ткиво, можни вродени срцеви маани, сколиоза, миопија.

Повеќето заболени имаат нормална интелигенција, но може да се појави задоцнето развивање на раните моторни вештини. Во некои случаи, се јавува предвремен пубертет. Возрасните со Силвер-Раселовиот синдром се со мала висина. Просечната висина на заболените мажи е околу 151 см, а просечната висина на заболените жени е околу 140 см. Понатаму, видливи се и други патолошки знаци на синдромот, како на пр.:
крипторхизам (неправилно поставување на тестисите) е откриен кај момчињата;
хипоспадија (атипично отворање на уретрата);
неразвиеност на ткивото на пенисот;
неразвиеност на скротумот;
неточни соодноси на трупот и екстремитетите;
зголемен череп;
појава на „крапска уста“ – означува помала уста со спуштени агли;
ран сексуален развој;
високо непце (понекогаш со расцеп).

Компликации и последици:

Синдромот Силвер-Расел може да доведе до развој на компликации што би предизвикале сериозни нарушувања на внатрешните органи или ендокриниот систем. Затоа, многу е важно да се дијагностицираат и третираат коморбидитетите на рана возраст. Инаку, може да има голем број компликации на синдромот, како што се:
бубрежна дисфункција, хроничен пиелонефритис, гломерулонефритис;
абнормална функција на црниот дроб;
абнормална функција на тироидната жлезда;
срцева слабост.

Дијагностицирање:

Дијагнозата главно се заснова на клиничката слика бидејќи во основа станува збор за синдром кој е клинички и генетски хетерогена конгенитална болест во која дијагнозата зависи од клиничките наоди (не постои специфичен биолошки тест, но може да се потврди со откривање на молекуларна аномалија). Знаците и симптомите се најизразени во детството и раното детство, што резултира со потешка дијагностика кај постарите деца.

Дијагнозата бара присуство на три главни карактеристики, и тоа мала родилна тежина, низок раст, триаголно лице, и дополнителни како што се релативната макроцефалија, клинодактилијата на петтиот прст, асиметријата на скелетот, хипоспадијата или ингвиналната хернија. Сепак, трите главни симптоми не можат секогаш да бидат присутни. Значи, лекарите од повеќе специјалности (генетичар, гастроентеролог, и сл.) ќе бидат вклучени во поставувањето на дијагнозата.

Дополнителни дијагностички методи што се препорачуваат:
рендген дијагностика;
ултразвук на внатрешни органи и тироидна жлезда;
електрокардиографија;
КТ и МРИ;
енцефалографија.

Третман:

Силвер-Раселовиот синдром е еден од ретките синдроми во кои третманот може значително да влијае на текот и исходот на болеста. Иако овие деца обично немаат недостаток на хормон за раст, давањето на истиот може да постигне значително зголемување на висината. Особено внесот на калории мора да се контролира за да се овозможи нормален раст и развој, и да се спречи хипогликемија.

Физикална терапија се препорачува во присуство на асиметрија на телото, како и во деформации на ‘рбетот, а во одредени случаи, неопходни се хируршки процедури. Исто така се препорачуваат редовни посети на логопед. Сето ова може да помогне да се надминат тешкотиите во развојот.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Гостиварпред 7 часа

Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 8 часа

Демолиран кафе барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани

Гостиварпред 10 часа

Собир на плоштадот во Гостивар за почит кон жртвите во пожарот во Кочани

Македонијапред 11 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе неотповиклива оставка

Македонијапред 11 часа

Во врска со пожарот приведени 5 лица на територија на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, 11 лица се во 48 часовен притвор

Македонијапред 12 часа

Таравари: Пациентите од пожарот во Кочани во генерално стабилна состојба

Македонијапред 13 часа

Во болниците во земјава згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во странство

Македонијапред 14 часа

Од денес седумдневна жалост за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварпред 15 часа

Променливо облачно, постудено и ветровито време

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена