Гостивар
Гимназија Гостивар: 5 мај посветен на 100 години од раѓањето на Блаже Конески

И во услови на ковид пандемија, гимназијалците од Гостивар не го изоставуваат чествувањето на важните датуми од македонската култура и историја. Одбележувањето на 5 мај, Денот на македонскиот јазик го посветија на 100 годишнината од раѓањето на великанот книжевник, критичар, преведувач, академик Блаже Конески со повеќе активности, кои беа презентирани онлајн.
Учениците под менторство на професорките по македонски јазик и литература, Андријана Страшевска и Жаклина Ѓорѓиоска изработија брошура, постер, видеопрезентација, како и аудиозапис за улогата на академик Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик. „Празнувањето го посветуваме на неуморниот кодификатор на македонскиот јазик, умник над умниците, челник на македонската поетска реч што ја воздигна славата на македонскиот дух, скромен, чесен, правдољубив, еден од оние светли синоними низ кои Македонецот најубедливо се претставува.“, велат од гимназијата.
Во склоп на активностите беше подготвен и едукативно-забавен квиз. Со матурантите беше создадено и видео со цел да се крене свеста за почитување на нормата на македонскиот јазик. „Да го зачуваме и негуваме македонскиот јазик и правилно да го употребуваме!“, порачаа гимназијалците.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар