Поврзи се со нас

Гостивар

Гимназија Гостивар: Ден за експерименти, музика, игри, уметност…

Објавено

на

Средното општинско училиште Гостивар организираше „Отворен ден 2023“ за полуматурантите со цел да ги запознае со своите наставни програми и други активности кои ги спроведува, со условите за работа и сл. Гимназијалците со своите професори решија тоа да го направат на поинаков начин од класична презентација, па во дворот на училиштето и во кабинетите се правеа експерименти, се создаваа уметнички дела, преку храна, облека, музика се претставуваа традиции на земјите чии јазици се изучуваат во училиштето: англиски, германски, француски…Акцент беше ставен на информатичките програмерските предмети, најголемиот интерес за новото општество и ИТ.

Деветтоодделенците кои ја посетија гимназијата имаа можност и сами да учествуваат во активностите, да добијат повеќе информации околу предметите за кои имаат најголем интерес, да се дружат со гимназијалците и наставниот кадар.

„Младите ја ценат креативноста и секогаш сакаат нови начини на работа. Се потрудивме на што поинтересен  начин да им го доближиме сето она што го нудиме како училиште за сестран развој на личноиста, знаење и вештини. Се надеваме дека на нашите гости им беше пријатно и забавно, дека научија по нешто и ги добија потребните информации“, рекоа од гимназијата.

Отворениот ден се организираше под мотото „Горди на минатото, свртени кон иднината“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена