Поврзи се со нас

Гостивар

Гимназија Гостивар – Моето училиште пример за еколошки град

Објавено

на

По повод Светскиот ден на екологијата, 21 март, во гимназијата во Гостивар беше организиран еко настан и изложба на изработки од рециклирани материјали, под мотото „Моето училиште пример за еколошки град“.

„Денешниот настан е во рамки на двомесечен проект, чија главна цел е подигнување на еколошката свест на средношколците за важноста на селектирањето, рециклирањето и реупотребата на материјалите.“, објасни професорката Валентина Штерјоска, координатор на активностите.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Арбен Таравари, со своите соработници и директорите на гостиварските јавни претпријатија, Исак Лазами и Беким Челебиу. Гимназијата од општината доби канти за селекција на отпад.

„ Ако од некаде треба да се започне со примарна селекција на отпад, тоа се училиштата. Како во гимназијата, така и во другите училишта поставуваме канти за селекција на отпадот, има за електронски отпад, стакло, железо, хартија. Во светот велат дека отпадот е богатство, и успеваат да го соберат, селектираат и продадат. Така и ние како општина, одредени материјали од отпадот ќе ги продадеме и ќе вратиме како инвестиција.“, рече градоначалникот.

Проектот на гимназијата ќе продолжи со кампањата при која еко патроли ќе избираат најчиста училница, која ќе биде соодветно наградена.

Активности за одбележувањето на Денот на екологијата, беа организирани и во средното економско училиште, кадешто дворот на училиштето се поднови со нови цвеќиња.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена