Гостивар
Гимназијалци од Гостивар наградени за иновација со 2.000 евра на државен натпревар

Еколошката свест, знаењето и посветеноста на гостиварските гимназијалци им донесоа успех на државно ниво. Тим од гимназијата освои награда од 2.000 евра на државниот натпревар UpShift Bootcamp, за својата иновација, “биоразградувач TTD”, кој произведува гaс “метан” и течно органско ѓубриво.
Натпреварувањето се одржа изминатите три дена во Струга, а од екипата на гимнаизјата ја сочинуваа учениците: Виктор Угриноски, Митко Тофилоски, Нада Спасеска, Дарија Илиевска и Ана-Марија Смилеска под менторство на професорот Ѓоко Атанасовски.
„Во нашата иновација предложивме добиениот метан да се користи и во домашни услови за готвење, затоплување, како и гориво за автомобили и сл. Гасот метан се добива од неискористената храна од секое домаќинство, ресторани и други институции, а со тоа може да се искористи тој гас за производство на енергија. Како метор на учениците навистина ми е задовство да се работи со нив, бидејќи учениците имаат развиено критички размислувања, способност, вештини за иновативни методи за заштитата на нашата животна средина, а со тоа би се подобриле условите за живот и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата општина.“, вели Атанасовски.
UpShift Bootcamp го организира LEAD со поддршка на UNICEF и ФИТР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава