Поврзи се со нас

Гостивар

Гимназијалците во Гостивар го одбележаа Светскиот ден на мирот

Објавено

на

По повод Светскиот ден на мирот, 21 септември во средното општинско училиште (гимназија) Гостивар беа организирани повеќе активности во знакот на промоција на позитивните вредности. Учениците учествуваа во мултиетнички работилници на кои ги искажаа своите креативни идеи, во насока на мирно, еколошки чисто и праведно опкружување.

„Учениците испратија пораки поврзани со важноста на личната и колективната одговорност и побараа мир во училиштето, училиште без дискриминација, училиште со слух за потребите на учениците, чисто училиште и училиште во кое одговорноста за мирот е обврска на наставниците, учениците и сите вклучени во менаџирањето на училиштето . Исто така, тие испратија јасна порака дека одговорноста се учи од најрана возраст во училиште и дека само одговорен ученик може да биде одговорен граѓанин и да придонесе во градење на праведно и здраво општество.“, информираа од училиштето.
Активноста е дел од проектот Мировно образование, поддржан од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, а се одржа под мотото “Поттикни мир-преземи одговорност”.
Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена